Македонија
СДСМ одлучува за предвремени парламентарни избори
По неколку одложувања, вечерва Извршниот одбор на СДСМ конечно треба да го соопшти ставот во врска со барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни заедно со претседатеслките избори. Неофицијално, мнозинство од раководството во владејачката партија е против одржување избори на пролет бидејќи државата, како што велат, има други приоритети и реформи на кои треба да се фокусира. Но според најавите оттаму, сепак, последната одлука ќе биде донесена на состанокот, откако ќе дискутираат и за двете можности, како што најави и премеирот Заев пред неколку дена.
„Првата е дали да се определиме за еден цел нов мандат што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот, или да превагне интересот на државата наспроти партиите“, изјави Заев во петокот.
На дневен ред на состанокот вечерва се очекува да се разговара и за претстојните претседателски избори, за кои веќе е познато дека СДСМ се уште го бара најсоодветниот кандидат за претседател, кој ќе биде избран на конгресот на 3 март, иако официјално не е целосно отфрлена опцијата Заев и Ахмети сепак да се договорат за консензуален кандидат.
Според неофицијални информации од СДСМ, не се исклучува можноста да се отвори и прашањето за преименување на партијата бидејќи секој момент се очекува и официјално да влезе во употреба новото име на државата – Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

