Македонија
СДСМ: Очигледно само Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Според официјалните податоци, само Христијан Мицкоски е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно проф. д-р Христијан Мицкоски е толку сестрана и комплексна личност што може самиот тој да биде единствен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно и негов претседател, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека претседателот на ИК Мицкоски предлага нешто, на пример дека треба да се одржи референдум, ама сè уште не знае како треба да гласи прашањето, па членот на ИК Мицкоски едногласно го поддржува предлогот.
Тоa е демократијата во Белата плата. Седниците на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се најобична фарса, таму ништо не се одлучува, само се исполнуваат желбите на Мицкоски, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Двајца гостиварчани возеле дури 70 км/час побрзо од дозволеното
На 03.05.2024 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 115 пречекорувања на максимално дозволената брзина.
Од нив, 68 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-18 и ГВ-50), од кои двајца возачи (ГВ) возеле со брзина од дури над 70 километри на час, а 21 (Те-14 и ГВ-7) со брзина од 50 до 70 км/час повеќе од дозволеното.
При контролата, исто така, санкционирани се и 47 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-31 и ГВ-16), од кои 7 (ТЕ-6 и ГВ-1) ја пречекориле брзината до 50 км/час над дозволеното, а санкционирани се и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-5). На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.
Македонија
Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија за нашите деца и внуци
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели:
„Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” – истакна Ковачевски.
Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.
„Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” – посочи Ковачевски.
Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации.” – рече Ковачевски.
Македонија
Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата
„Во четвртата изборна единица предвидуваме како и на државно ниво враќање на редот во државата и воспоставување на функционална правна држава“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 во јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
„Во четворката предвидуваме и инфраструктурно поврзување тука е пред експресниот пат Прилеп – Градско кој што седум години актуелната власт не успеа да го заврши. Понатака автопатско решение на Прилеп до Битола и граница со „Меџитлија“, значи нешто плус од ова што се предлага имајќи в предвид дека ние нема да бараме како Артан Груби провизии од 20% и од прилика е толку разликата. Ние не планираме да бараме провизии значи ќе има простор за повеќе да се изгради“, појасни Николоски.
Николоски додаде дека третиот фокус во изборната единица 4 е земјоделието. Најголем дел од земјоделското производство во Македонија е токму во изборната единица 4. За тука се предвидени значајни работи кои што сака идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги направи, и во делот на производството на тутун, и во делот на производство на грозје и вино, во делот на раноградинарски култури, праски итн.
„Во однос на помалите политички партии кои што имаа свои претседателски кандидати очекувам нивните гласачи затоа што беа проопозициски кандидати да гласаат за Гордана Силјановска Давкова во вториот круг. И на тој начин да имаме успешни претседателски избори и Гордана да стане претседател“, повика Николоски.
Тој посочи дека со идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнуваат промените во Македонија, време е за проекти кои ќе се од корист за граѓаните и државата.