Македонија
СДСМ: Параноичниот Мицкоски сака да нѐ скара со целиот свет и со цела Европа
„Паранојата што ја покажува Христијан Мицкоски во однос на некакви светски заговори јасно покажува дека станува збор за еден антиевропски политичар. Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник, Никола Груевски, и сосема е свесен дека реториката што ја искажува изминатите денови, реториката против ЕУ и против НАТО, ќе ја остави Македонија уште најмалку 11 години во изолација“, соопшти СДСМ.
„Параноичниот Мицкоски сака да нѐ скара со цел свет и со цела Европа. Прво зборуваше за некакаква бугаризација и асимилација, па кога тоа се покажа дека е невистина почна да зборува за бугарски диктат.
Откако стана јасно дека нема никаков бугарски диктат, Мицкоски сега ја менува реториката и зборува за некакви притисоци и светски заговори против него и неговата партија.
Тој едноставно има капацитет да создава само непријатели па смета дека сите и така размислуваат.
Тоа само укажува на неговите лични фрустрации и неговата лична состојба која е далеку од реалноста бидејќи е сосема јасно дека Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународниот фактор и има пријатели како што никогаш досега немала“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

