Македонија
СДСМ: Поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политки и интеграција во ЕУ
СДСМ обезбеди поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и забрзана интеграција на државата во ЕУ, потенцираат преку соопштение од владејачката партија.
Додаваат дека предлогот на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски за реконструкција на Владата со кадровските решенија е во собраниска процедура.
Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата, оценуваат дека се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.
„Во време, кога се уште трае енергетската и економската криза од големо значење е да се спречат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, да нема заглавени закони во Собранието. Зголеменото владино мнозинство ќе се грижи за справување со кризата, унапредување на животот на граѓаните, заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година. Зголеменото мнозинство овозможува да продолжи енергетската транзиција, економските иницијативи како Отворен Балкан, регионалната соработка, поголема поддршка за стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на добрососедските односи“, се подвлекува во дописот.
Истакнуваат дека Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено ќе работат на забрзана европска интеграција
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

