Македонија
СДСМ: Професорот Мицкоски не знае да пресмета, велеше струјата ќе се покачи 40 отсто
Со месеци Христијан Мицкоски ја лажеше јавноста и ширеше страв и паника меѓу граѓаните дека цената на струјата ќе се покачи 40 отсто, предвидуваше рестрикции и апокалиптични сценарија, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.
„Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се распрснаа, цената на струјата, под притисок на светската енергетска криза, се покачи, но 9,48 отсто и нема рестрикции.
Но, се виде дека професорот Мицкоски не знае да пресмета – 40 отсто и 9,48 отсто не е исто. 9,48 отсто е четирипати помалку од 40 отсто.
Ама тој знае да пресмета 100 отсто, колку што ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми цената на струјата за време на нивното владеење, период кога Мицкоски беше директор на АД ЕЛЕМ и советник за енергетика на криминалецот во бегство Никола Груевски.
Во истиот тој период и без енергетска криза беше укината дневната евтина тарифа на електричната енергија, а ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се противеше на нејзиното враќање.
Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ немаше инвестиции во енергетски капацитети, туку неразумни и непродуктивни инвестиции во стиропор, палми и жални врби.
Додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за справување со енергетската криза, со активирање на сите расположливи капацитети и обезбедување помош за ранливите категории за плаќање на сметките за струја, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски опструираат, блокираат и шират невистини“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура до 6 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.

