Македонија
СДСМ реагира: Опозицијата лаже за да го покрие молкот за донациите на Камчев

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лаги и измислици да ја манипулира јавноста, со цел да го прикрие молкот во врска со нелегалното финансирање на нивната изборна кампања од страна на тајкунот Орце Камчев, реагира владејачкиот СДСМ по прес-конференцијата на Димче Арсовски.
„Ништо ново од опозициската партија, која е научена парите да не завршуваат во стопанството, туку единствено во белиот дворец за богатење на неколкумина од врвот на партијата. Јавноста го очекува одговорот на прашањето дали Орце Камчев, обвинет во предмети на СЈО, со неколку стотици илјади евра ја финансирал капмањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски избори.
Молкот продолжува и ВМРО-ДПМНЕ, прикривајќи ги своите криминал не престанува со конструирани случаи во врска со доделувањето на средствата на Фондот за иновации и технолошки развој на фирмата ПауерАд ИНТ.
Во отсуство на идеи и мерки, единствeниот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ се лажните вести, измислиците и конструираните случаи преку кои во белиот дворец се обидуваат да ја замајуваат јавноста“, наведе СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.