Македонија
СДСМ реагира: Опозицијата неосновано го напаѓа МВР оти им пречи неселективната борба против криминалот
На ВМРО-ДПМНЕ му пречи неселективната борба против криминалот, затоа неосновано го напаѓа МВР, реагира СДСМ откако претходно денеска опозицијата побара одговорност од министерот Оливер Спасовски за грабежот во магацинот за оружје на охридската полиција.
„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија бранител на криминалот. Бројни судски предмети, правосилни пресуди, признанија и извештаи на релевантни меѓунардони организации го потврдуваат степенот на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога одредени криминални структури важеа за недопирливи и над законите, денес институциите постапуваат ефикасно, професинално и неселективно.
Токму неселективната борба против секаков вид криминал и корупција е она што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија неосновано го напаѓа Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

