Македонија
СДСМ: Сваровски-судството се враќа – ВМРО-ДПМНЕ сака контрола, а не правда
„Изборот на Данка Ристова, сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за член на Судскиот совет е потврда за се што СДСМ зборува изминатите месеци. ВМРО-ДПМНЕ не се интересира за правда – тие сакаат судство кое ќе ги амнестира нивните криминалци, а ќе ги прогонува сите што се спротивставуваат на нивниот режим. Јасна е намерата на оваа власт – комплетна партизација и враќање на „Сваровски судството кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
СДСМ со месеци предупредува и ова не е изолиран случај, туку јасна стратегија на Мицкоски и неговата партија да ја уништат независноста на судството. Истакнуваат дека како што беше во времето на Груевски, така и денес, ВМРО-ДПМНЕ сака судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви.
„Се враќа мракот од минатото, кога правдата беше заглушена, а граѓаните беа сведоци на најгрубото кршење на владеењето на правото. Наместо да обезбедат правда и реформи, ВМРО-ДПМНЕ го враќа судството во своите раце – создавајќи партиска „институција“ која ќе биде обвинител, судија и егзекутор. Граѓаните и СДСМ не смеат и нема да дозволат узурпација на правдата. СДСМ ги повикува сите граѓани, независни експерти, правосудни работници и граѓански организации да застанат цврсто против оваа узурпација. Ова е момент кога сите заедно мора да покажеме дека правдата не смее да биде злоупотребена, дека судството не смее да биде алатка во рацете на ниту една политичка партија. Македонија мора да оди напред, кон независен, транспарентен и професионален правосуден систем кој ќе им служи на граѓаните. Каде се реформите кои се најавуваа? Зошто Владата не го следи реформскиот процес поддржан од ЕУ? Заради тоа што не сакаат правда, туку контрола. Секој обид за партизација на судството е директен напад врз демократијата и владеењето на правото. Време е граѓаните да кажат гласно „НЕ!“ на враќањето на „Сваровски судството“, посочуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

