Македонија
СДСМ: Силјановска сака да биде новиот Иванов
 
																								
												
												
											Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска, е иста како Ѓорѓе Иванов, вели владејачкиот СДСМ преку соопштение.
„Силјановска, исто како и Иванов, брани криминалци, не осудува насилство, постапува исклучиво по партиските директиви на Мицкоски, промовира политики против напредокот, притив ЕУ и НАТО. Исто како Иванов, Силјановска лажно се претставува како натпартиски кандидат, а граѓаните знаат, Силјановска е кандидат на Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Последен е примерот со становите на синот на Иванов. Силјановска коментира сè и сешто, но за становите на синот на Иванов молчи. Исто како што молчи за штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои ниту еднаш ги нема осудено“, вели СДСМ во соопштението.
Силјановска, додава СДСМ, сака да биде новиот Иванов, партиски послушник кој ќе брани партиски интереси и ќе работи спротивно на интересите на граѓаните.
„Граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска. Нема да дозволат нов партиски послушник дополнително да ја девалвира функцијата претседател, како што тоа десет години го правеше Иванов. Граѓаните знаат дека гласот за Силјановска е глас за враќање назад, во минатото, во изолацијата. Гласот за Силјановска е глас против напредокот. Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој обединува. Претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните. Тоа е Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани кој ја води државата напред кон развој и интеграција во ЕУ и НАТО“, смета СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											