Македонија
СДСМ: Сите пратеници да ги поддржат уставните измени
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот Христијан Мицкоски не знаат ниту што зборуваат ниту што прават, секој ден различни изјави, ставови, во целосна конфузија се, велат од СДСМ.
„Александар Николоски, кој воедно е и потпретседател на антизападната ВМРО-ДПМНЕ, призна дека тој, антизападниот Мицкоски, и антинародното раководство на оваа партија, со месеци свесно ги лажеле граѓаните. Договорот од Преспа го зајакнува и заштитува идентитетот и се отвораат перспективите за членство во ЕУ и НАТО, што значи реализација на стратешкиот интерес на Македонија.
Подобар договор не може да има и ваква шанса нема да се повтори. Ова е силна причина сите пратеници, особено преостанатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да ја напуштат криминалната матрица на Груевски и Мицкоски и да се вклучат во започнатиот процес во Собранието кој обезбедува иднина во ЕУ и НАТО.
Сега, кога текстот на амандамите на Уставот е подготвен и јавно достапен, сите пратеници, и оние од ВМРО-ДПМНЕ, треба да ги поддржат, да покажат одговорност пред граѓаните и заеднички да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО“, се додава во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

