Македонија
СДСМ: Славевски и ВМРО-ДПМНЕ се против мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните
„Трајко Славевски, човекот кој со години ги аминуваше криминалните економски политики на Никола Груевски и гласен противник на зголемувањето на минималната плата денес е во неверување што парите им се враќаат на граѓаните“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Славевски каде тој побара укинување на мерката „Мој ДДВ“.
„ВМРО-ДПМНЕ не разбира што значи грижа за граѓаните и не може да прифати дека граѓаните конечно ги добиваат своите пари назад. Затоа бараат да се укине мерката која враќа кај граѓаните три милиони евра за три месеци.
Од партија која со години не мрдна со прст за сивата економија, не може да се очекува ништо друго освен да бидат против мерки за намалување на сивата економија.
МојДДВ е успешна мерка, а граѓаните за помалку од 1 месец ќе ги добијат назад 15 отсто од платеното ДДВ.
Повеќе од 200.000 граѓани скенираат сметки и бројот се повеќе расте! МојДДВ, не само што ќе ги врати парите кај граѓаните, туку влијае на намалување на сивата економија.
СДСМ со голема грижа ги спроведува и приспособува своите социјални и даночни политики. Прогресивниот данок може да даде добри општествени ефекти, но ако даноците ги плаќаат сите и сивата економија се сведе на минимум.
Владата предводена од СДСМ е доблесна пред своите граѓани и го слуша нивниот збор. Затоа, одлучи да ја стави стапката од 18 проценти во мирување во следните 36 месеци.
Лицата како Трајко Славевски кои без збор да кажат, следеле со години како се случува најголемата кражба на народните пари, треба да си го преиспитаат правото да зборуваат што е добро за граѓаните“, наведе СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На Клиниката за неврологија отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста и превенција од мозочен удар
По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија, утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“.
Во рамките на настанот, на 28 октомври 2025 година (вторник), ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Клиниката за неврологија.
Со овој настан, Клиниката велат од таму, испраќа порака за важноста на редовните прегледи и контролата на ризик факторите кои можат да доведат до мозочен удар, како што се покачен крвен притисок, шеќер во крвта, зголемени масти, пушење и седечки начин на живот.
Македонија
Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, соопшти полицијата.
Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато.
Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа е пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото е пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.
„МВР во координација со ОЈО Гостивар презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“.
Македонија
Општина Центар: Отстранети двете паднати дрвја
Општина Центар известува дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ навремено интервенираа и ги отстранија двете дрвја кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“.
Благодарение на нивната брза реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, додаваат од општината.

