Македонија
СДСМ со одговор до ВМРО-ДПМНЕ: Со судски пресуди е потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, ортаците се во Белиот дворец

Со судски пресуди е потврдени криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, партија која со судска одлука е потврдено дека е злосторничко здружение, се вели во соопштението од СДСМ како одговор на претходното соопштение од опозициската партија во кое ја обвинуваат власта и институциите дека наместо да ги гонат, тие се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата.
– Оттука ортаците на криминалот е јасно дека се во Белиот дворец, исто така со судски одлуки докажано дека е стекнат на криминален начин, врз грбот на граѓаните. Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ВМОР-ДПМНЕ со нивни јавни признанија, кажуваат до кој степен е криминогена партија и кои се ортаците, стои во соопштението од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за апсењето на поранешниот директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој е под истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија. Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој“, велат од партијата.
Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, и за првпат во историјата на државата одговорност има за сите.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко. СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер. Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ“, се наведува во соопштението.
Правниот систем, според ВМРО-ДПМНЕ, е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата.
Македонија
Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски криминал.
Од Обвинителството велат дека освен Крмзов, приведени се уште две лица.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК полициски службеници реализираа акција во која е обезбедено лице за кое во септември минатата година беше отворена предистражна постапка. Освен ова лице обезбедени се уште две други лица“, соопштија кусо од обвинителството, а повеќе детали најавија за утре.
Крмзов е под истрага поради сомневања за даночно затајување и перење пари.