Македонија
СДСМ: Со писма како од времето на Груевски, Мицкоски им го држи стравот на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ
„Со писма како од времето на неговиот ментор Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува да им го чува стравот на неговите кандидати за градоначалници од извесниот пораз што ги очекува на локалните избори.
Две третини од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под кривичен прогон за злоупотреби на службена положба, Мицкоски нема лице на чесност туку обратно. Се обидува да ги користи кандидатите како жртвени јагниња во нов изборен пораз.
Мицкоски, тезата на Груевски слушајте што зборуваме, а не гледајте колку сме се збогатиле на ваш грб не поминува.
Кога веќе зборува за куфери со пари, Мицкоски нека му се јави на неговиот шеф во Будимпешта и нека го праша како и со колку црни партиски пари ги купил парцелите на Водно.
Ако веќе зборува за „комшии“ нека му се јви на неговиот коалициски партнер Стевче Јакимовски да му објасни како изгледа тоа.
Мицкоски може да блефира и да пишува писма колку што сака, ништо нема да му помогне да избега од нов изборен пораз.
ВМРО-ДПМНЕ нема понуда на овие локални избори, сè се тоа стари кадри, луѓе на Груевски кои се посветени само на личните и партиските интереси, кои работат против интересите на граѓаните.
Затоа на 17 октомври ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува нов силен пораз од граѓаните“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

