Македонија
СДСМ тврди дека опозицијата нудела 1.000 денари за глас во Македонска Каменица

Кандидатката за градоначалничка на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која нудела 1.000 денари за глас на локалните избори.
Случајот претходно денеска го обелодени Министерството за внатрешни работи.
Стаменкова рече дека поткупот бил пријавен лично од момчето кому му биле понудени парите во замена за глас.
„Денеска, точно во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на наши сограѓани им се делеле пари – поткуп, до 1.000 денари за да гласаат за кандидатот на ВМОР-ДПМНЕ. Одговорност за овој случај ќе има, тоа е јасно“, рече Стаменкова.
Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат на изборите и ги повика граѓаните да излезат и да гласаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.