Македонија
СДСМ: Театарот на Мицкоски за внатрешни непријатели е обид да се скрие вистината за бугарските пасоши
Во целосен очај и паника е ВМРО-ДПМНЕ откако се обелодени скандалот дека Мицкоски имал бугарска самосвест и барал да извади бугарски пасош. Мицкоски се уште на ги демантира информациите за тоа дека барал бугарско државјанство, па наместо тоа во паника мора да ја обивнуваат СДСМ за да си го спасат рејтингот, велт од опозициската партија.
Според СДСМ, кампањата на ДПМНЕ преполна со лаги, навреди и барање внатрешни непријатели е одамна прочитана книга.
„Излитена плоча која веќе никој не ја слуша. Но граѓаните ја знаат вистината. И таа вистина е дека овој театар со „патриоти и предавници“ служи само за едно – да се сокрие епскиот неуспех на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Служи за да се скрие фактот дека Мицкоски и пола од неговата Влада имаат бугарска самосвест. За повеќе од една година оваа власт нема ништо ама буквално ништо испорачано за подобар живот и иднина за граѓаните.
Служи да се скријат сите скандали, длабоката партизација, нарушената безбедност и убиства, урнисан животен стандард, осиромашени земјоделци“.
Ова, како што додаваат, е веќе многу пати видено сценарио во кое ВМРО-ДПМНЕ фатени во врвот на сопственото лицемерие и антимакедонизам креираат атмосфера на поделби.
„Им порачуваме само едно, граѓаните овој филм го имаат гледано многу пати. Граѓаните ви ја препознаваат лажната грижа, лажниот патриотизам, ви ја читаат пропагндата и мизерните поделби. Знаат дека тоа е пат кон пропаст, пат кон трајно уништување на макеоднското национално ткиво. Тоа што го правите е вистинско национално самоубиство со единствена цел да го скриете својот катастрофален неуспех на секое поле“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

