Македонија
СДСМ: Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со пасошите, ДПМНЕ да им се извини на граѓаните што ги излажа
Од владејачката СДСМ бараат ДПМНЕ да им се извини на граѓаните, што, како што велат, ги лажеше и ги доведе во заблуда дека за час ќе го реши проблемот со издавањето на пасошите.
„Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека не може да го реши овој проблем.
ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши.
Како влегоа во техничката Влада ништо не важи, нема ништо од најавите на ДПМНЕ“, потенцираат СДСМ во реакцијата.
Одеднаш, како што додаваат од СДСМ, ништо од законот, одеднаш МВР работело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат, како што велат, оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција.
Според СДСМ, ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

