Македонија
СДСМ: Уништувањето на здравството заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ
Уништувањето на здравството заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, денес здравствениот систем се унапредува во интерес на граѓаните, реагира СДСМ на прес-конеференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ кој го повика министерот Венко Филипче, јавно да потврди на македонските граѓани и на неговите пациенти дека, по завршувањето на неговиот мандат како министер за здравство, ќе остане барем 15 години да работи во јавното здравство, и дека нема веднаш по завршувањето на функцијата да продолжи да работи во приватна болница.
„Бизнис интересите и тендер политиките што ВМРО-ДПМНЕ со години ги спроведуваше во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство. Заврши времето на договорени тендери, на договори во четири очи и системско уништување на здравствениот систем. Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го рехабилитираат здравствениот систем во интерес на граѓаните и лекарите. Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем“, велат од партијата.
Во таа насока, додаваат од таму, е и договорот за јавно-приватно партнерство за детската кардиохиругија преку кој децата, пациетните и родителите веднаш ќе добијат подобра здравствена услуга, без да плаќаат дополнително, без нови трошоци. Со тоа, велат од СДСМ, подобра услуга е ставена на располагање на оние на кои им е најпотребна.
„Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за 2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто. Обезбедени се близу 10 милиони евра за изградба на клинички центар во Скопје и Штип, зголемени се средствата за задолжителна имунизација и средствата за нови лекови за ретки болести. Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, а итната медицинска помош доби 12 нови возила“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

