Македонија
СДСМ: Флексибилно работно време за самохраните родители
Еднородителските семејства и самохраните родители ќе добијат заштита и грижа од државата, ветува СДСМ, од каде велат дека во првите шест месеци од формирањето на новата Влада, законски ќе го обезбедат правото на флексибилно работно време за самохраните родители.
„Самохраните родители сега се принудени да земаат боледување или ден од одмор ако имаат обврски околу нивните деца, бидејки нема кој да им помогне. Државата ќе им помага. Со флексибилното работно време тие полесно ќе ги планираат своите секојдневни обврски“, се вели во партиското соопштение.
Ветуваат и дека еднородителските семејства со плата пониска од просечната ќе ги ослободат и од јавните давачки како што се такса, јавен превоз, општински комунални давачки. Ќе бидат ослободени од надомест во градинка и основно училиште.
„Сакаме да знаат еднородителските семејства дека повеќе нема да бидат сами.
Ќе го вратиме достоинствениот живот на на самохраните родители“, додаваат од партијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

