Македонија
СДСМ: Хаос со превозот, катастрофа во Скопје поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ
На Скопје му се случува хаос предизвикан од неспособноста од градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јавниот превоз е во колапс, а и другите јавни претпријатија се во хаос. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а деновиве се случува целосен сообраќаен хаос, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, нема нови автобуси, ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше. Не се менаџира ниту постојниот автобуски превоз, па граѓаните на Скопје со денови се принудени да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни, што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар…
По „Скопје 2014“, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се големо разочарување за граѓаните, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

