Македонија
СДСМ: Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање за време на настаните во Диво Насеље
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во Диво Насеље, велат од СДСМ и додаваат дека тоа би можело да доведе до негативни импликации во јавноста, но и кај вработените во МВР.
Сепак, како што нагласува владејачката партија, со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение.
„Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, констатира СДСМ.
СДСМ во продолжение изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.
„Мицкоски, и преку овој избор за негова номинација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации. Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април. Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април“, додава СДСМ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.

