Македонија
(Видео) ЛДП ќе поднесе иницијатива за легализација на марихуаната, партијата тврди дека не е поврзано со Богоевски
Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на марихуаната, не само за медицинска употреба како што беше досега, туку за општа употреба.
Како што рече Николова, ова законско решение ќе го иницираат со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап. Не сакаше да коментира за нејзиниот колега Павле Богоевски и рече дека аудиоснимката на која се слуша неговиот глас не е докажано дали е автентична.
На прашањето каква е разликата помеѓу бомбите од 2015 година и оваа аудиоснимка, Николова рече дека се работи за два различни моменти.
„Во оваа снимка што не е докажана, се надевам дека институциите ќе се занимаваат со тоа, се работи за напад на достинството на поединец, а во 2015 се работеше за цела политичка гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да поднесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот“, рече Николова.
На прашањето зошто токму сега иницираат легализација на марихуаната по скандалот со Богоевски, Николова образложи дека нема поврзаност со настанот и дека на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здужението „Билка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

