Македонија
СДСМ: 19 земји членки го ратификуваа протоколот, со забрзано темпо се движиме кон НАТО
Продолжува напредокот кон полноправно членство во НАТО кога унгарскиот парламент едногласно со 153 гласа „за“ го ратификува протоколот за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз, велат од владејачкиот СДСМ.
Од таму додаваат дека досега 19 од 29 држави го ратификувале протоколот и дале зелено светло за пристапување на државава во алијансата.
„Темпото со кое државите членки го ратификуваат протоколот потврдува дека набргу нашата држава станува 30. земја членка на НАТО. Се остварува децениски национален и државен интерес. Приклучувањето во НАТО, покрај безбедноста и сигурноста, носи и економски придобивки, повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард“, се нагласува во соопштението на СДСМ, во кое се додава дека како државотворна и одговорна партија останува посветена на остварување на врвните национални и стратешки интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

