Македонија
„СДС за ден повеќе власт го стави Талат на чело на Владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Народот вели немаме држава, Талат премиер заслуга на СДС. ДУИ со 15 пратеника не може да избере премиер. СДС се тие без чии гласови Талат Џафери не можеше да стане премиер. СДС за ден повеќе власт го ставија Талат на чело на владата. СДС се партијата без која криминалот на ДУИ немаше да биде можен“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„За да останат ден повеќе на власт, СДС дозволија во изминатава година главниот донатор на ДУИ, Еуровиа, да добие тендери од неколку милиони евра.
За ден повеќе власт СДС го премолче преземањето на Соравиа од страна на Дрин Ахмети, без вложен денар.
Немаме држави и затоа што додека народот плаќа станбен квадрат во Скопје за 1.500 евра или повеќе, братот на Груби купува дуќан во строг центар за 700 евра квадрат.
Без СДС и нивното молчење или поддршка немаше да се случат криминалите на ДУИ. А СДС молчи затоа што со ДУИ и нивните криминали успеваа.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

