Македонија
СДС и ДУИ од изборот на Талат Џафери во Собранието направија приватна партиска журка на државен трошок, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ од изборот на Талат Џафери во Собранието направија приватна партиска журка на државен трошок, со злоупотреба на ложата во собраниската сала како и просториите на македонскиот парламентарен дом, а секако не изостана и злоупотребата на службените возила, се’ тоа платено од народните пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера беше јасно дека приватните забави на Груби со пајташите од ДУИ од канцелариите во министерството, вчера се префрлија во Собранието, а од денеска веројатно ќе снимаат журки во Влада. СДС коишто ја подарија државата за уште неколку дена да задржат три фотелји, со денови се храбреа дека нема да гласаат за владата, за потоа беспоговорно да се нацртаат за Талат Џафери. Нив овие девијации и злоупотреби не ги засегаат, исто како и злоупотребите на Собранието и на Владата, се додека ДУИ им овозможува уште неколку дена криминал“, посочуваат оттаму.
Тие истакнуваат дека со право народот вели дека повеќе немаме држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

