Македонија
СДС и ДУИ ќе нè носеа во Европа, а сега без пасоши ниту од нивната Северна не може да се излезе, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и ДУИ ќе не носеа во Европа, а сега без пасоши ниту од нивната “Северна” не може да се излезе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На народот му натурија решенија кои го однесоа во ќорсокак. Спасовски и Ковачевски, свесно го ставија народот во трошок, даваа лажни изјави, дека ќе важат личните карти и возачките дозволи, иако знаеа дека според договорот, кој го потпишаа, истите ќе важат само до февруари 2024-та година. До пред еден месец лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни, доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за завчера да мора на итна седница, во Собранието да се донесат законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи, за да се заштитат граѓаните.
ЈО и Народниот правобранител, треба веднаш да поведат постапка против Спасовски и Ковачевски и владата во целост, која го довела целиот народ во заблуда и материјално го оштетиле“, истакнуваат од опозициската партија.
Според нив, основните човекови права се загрозени и само заради власта во заминување на СДС и ДУИ, голем број на граѓани,како што велат, не можат слободно да се движат надвор од Република Македонија, а да не беа законските измени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе беше блокиран и внатрешниот сообраќај во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

