Македонија
„СДС, кои ја направија државата Див Запад за мафијашки пресметки, нека не се грижат – одговорност ќе има за сите“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Партијата на неврохирургот на Заеви познати по шурување со криминалните банди низ Македонија во чие време Македонија сатана Мека за дилерите и убијците се најде да прозива на тема која најмалце и одговара“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Откако со неспособниот Спасовски кој народот го остави без лични документи и пасоши грижејќи се пасоши да добијат земунскиот, кавачкиот и шкаљарскиот дилерски клан и други бандити од Балканот, го направија Скопје див запад, познат по мафијашки престрелки и незавршени случаи.
Нека не се грижи СДС одговорност за сите ќе има, вклучувајќи ги и тие кои ја доведоа земјава до ова дереџе да има на дното на листата за борба против корупцијата, каде има доверба од 2 проценти во судството, каде граѓаните живеат со 150 денари дневно, нема операциони сали, се краде од најтешко болните, и нема образовен систем, додека земјоделците и работниците се борат за подобар стандард не наоѓајќи слух и поддршка од криминалците од СДС и ДУИ. Затоа ви препорачуваме да се покриете и да си ставите прст на чело. Не е ни чудно што едвај 180 илјади гласа добивте и станавте маргинална партија во државава“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





