Македонија
СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги, патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и ДУИ додека ветуваа златни времиња, ја донесоа европската перспектива во ќорсокак, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Зоран Заев тврдеше дека носи историски докази од Брисел или старт на преговори, единствен факт од патувањето во Брисел беше селфито во авионот. Или го излажа народот.
Тоа беше ситуација со која се покажа неспособноста на коалицијата СДС и ДУИ.
СДС и ДУИ ниту имаа осет за државни интересни, уште помалку државнички став.
СДС и ДУИ немаа црвени линии кога стануваше збор за стратегијата како да се поплочи патот кон ЕУ.
СДС и ДУИ патот кон ЕУ го претворија во свој личен бизнис-план за сопствено богатење од кој дебел профит имаа членовите на нивните фамилии“, се истакнува во нивното соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, концептот европска иднина се распадна како кула од карти под налетот на контото на банкарските сметки на поранешните владини функционери.
„Јасно кажуваме заврши времето на игра со чувствата на граѓаните, заврши времето на местење тендери.
ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и затоа доби поддршка од над 450 илјади граѓани.
Сега патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати“, потенцираат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.
Македонија
„10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС, граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДС изгуби 6. Соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДС по првиот круг е 10 спрема 1. Граѓаните направија вистински избор, избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност.
Во вториот круг на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ е асполутен фаворит во сите 26 општини. Затоа, ги повикуваме граѓаните, во вториот круг да го дадат својот глас на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и масовно да го заокружат бројот 9.
Да ја запечатиме победата и да го направиме вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.

