Македонија
Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста, соопшти Министерството за здравство. Оздравеле 85 пациенти.
Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 56, Гостивар – 18, Куманово – 16 и Тетово – 10.
Понатаму, во Штип – 8, Прилеп – 7, Струга – 6, Велес – 1, Битола – 6, Охрид – 2, Кавадарци – 4, Гевгелија – 5, Струмица – 12, Крива Паланка – 3, Радовиш – 2, Кочани – 17, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Валандово – 1, Делчево – 4, Свети Николе – 2, Кичево – 3, Ресен – 1.
Починати се седум лица, еден пациент од Куманово (53), двајца пациенти од Струга (68 и 70), еден од Гостивар (61) и тројца пациенти од Делчево (43, 60 и 78). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 19, Дебар – 2, Штип – 4, Прилеп – 13, Тетово – 2, Струга – 4, Охрид – 9, Гостивар – 9, Гевгелија – 5, Струмица – 1, Крива Паланка – 1, Радовиш – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 3, Берово – 4, Делчево – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 52
• Гази Баба – 75
• Аеродром – 83
• Карпош – 71
• Центар – 82
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 28
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 9
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 6
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен – 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на топло време со пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h).
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (Петок ) без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, ул. Ѓорѓи Капчев 7,5,13,9,3,15 (Општина Аеродром).
· Oд 09:00 до 14:00 часот, ул.Христо Татарчев. 27,26,24 (Општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 16:00 часот, корисниците во Кисела Јабукана на ул. 44,46,54,62,64,66 (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
„Системот е следен“ – протест во Скопје за сите трагедии кои ја потресоа целата држава

Во Скопје попладнево се одржа протест на иницијативата „Кој е следен“, на кој се бараше правда за жртвите во досегашните трагедии, а беа прочитани и имињата на 61 жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, 14-те жртви во пожарот во модуларната болница, 45-те жртви од сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“, на 16-те жртви во превртениот автобус на „Дурмо турс“ кај Ласкарци, 22-те жртви од поплавата во Стајковци на 6 август 2016, како и на загинатите кои беа прегазени од автомобили на улиците.
„Денеска сме на улица да се избориме против системот кој не’ тера да ги заборавиме сите овие трагедии. Исто така протестираме за сите барања кои се изнесени во јавноста досега и властите се запознаени. Но, повеќе се вртат муабети кои сме ние, наместо да се обрати внимание на она што ние го бараме“, рече Анастасија Митревска од „Кој е следен“ на почетокот на протестот.
Протестот почна пред Владата, а потоа продолжи кон Собранието. На крајот, пред Основниот кривичен суд во Скопје дел од претставниците на „Кој е следен“ имаа свои обраќања изјавија дека не се нечии платеници туку се економисти, правници, ИТ инженери, психолози, доктори, учители, урбанисти кои немаат партиски штаб.