Македонија
Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на коронавирус. Починале седум лица, а оздравеле 86 заболени. Вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 достигна 700.
Најголем број од новите случаи се од Скопје – 10 и Кочани – девет.
Пет случаи се потврдени во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, два нови случаја во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје – 24, Куманово – 8, Дебар – 4, Штип – 1, Прилеп – 6, Тетово – 2, Струга – 1, Битола – 1, Кавадарци – 3, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Крива Паланка – 7, Радовиш – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Пехчево – 7, Виница – 4, Свети Николе – 1.
Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62), еден од Дебар (54), пациентка од Штип (53), пациентка од Прилеп (66), пациент од Кочани (66) и еден пациент од Свети Николе (23).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 20, а во болницата во Штип – 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 150 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 63
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 70
• Центар – 78
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 38
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 11
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 15
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 6
• Зелениково – 2
• Странец – 6
• Нераспределен – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога.
Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата.
„Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на виделина. Филипче тврдеше дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата, но фотографиите покажуваат поинаку“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, како што велат, владејачката партија реагира на случајот со запленети над 30 тони дрога и дали постои поврзаност со поранешни функционери.
Од партијата повикуваат Јавното обвинителство да ја испита можната поврзаност на Филипче со случајот.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.
За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

