Македонија
Седум починати и 292 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.410 тестови, а регистрирани се 292 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 140, Битола – 21, Куманово – 18, Велес – 16, Прилеп – 14, Тетово – 13, Кавдарци – 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Виница – 4, Струга и Демир Хисар – по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1.
Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.
Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 25, Битола – 15, Кавадарци – 14, Тетово – 13, Велес – 11, Прилеп – 8, Гостивар, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струмица, Гевгелија и Дебар – по 4, Штип, Кочани и Сруга – по 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен – по 2, Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1).Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.
Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.410 тестови преку: ИЈЗ-293, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-76, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–111, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-68, Биотек-79, Систина-49, лабораторија Лаор-86, Синлаб-34, Ремедика-11, Плодност-16, Генеа-1, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-27, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.073.
Досега во земјата се направени вкупно 1.913.011 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.398, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104 а бројот на активни случаи изнесува 2.230.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 140264, Активни 1258
Куманово 16339, Активни 101
Битола 14389, Активни 120
Прилеп 13701, Активни 125
Тетово 13367, Активни 74
Кавадарци 10227, Активни 82
Велес 9542, Активни 99
Гостивар 9472, Активни 31
Охрид 8547, Активни 37
Штип 7925, Активни 24
Струмица 7920, Активни 15
Кичево 5459, Активни 37
Кочани 4990, Активни 14
Струга 4659, Активни 20
Гевгелија 4293, Активни 34
Неготино 3623, Активни 19
Ресен 2618, Активни 38
Свети Николе 2606, Активни 4
Радовиш 2485, Активни 13
Крива Паланка 2387, Активни 14
Делчево 1900, Активни 0
Дебар 1650, Активни 10
Берово 1631, Активни 5
Валандово 1461, Активни 4
Виница 1354, Активни 8
Пробиштип 1259, Активни 4
Богданци 1005, Активни 5
Кратово 943, Активни 10
Крушево 910, Активни 3
Демир Хисар 817, Активни 10
Македонски Брод 731, Активни 3
Демир Капија 582, Активни 5
Македонска Каменица 521, Активни 3
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

