Македонија
Седум скопски општини со троцифрени бројки на активно заразени лица

Скопје и понатаму е најголемо жариште на заразени со ковид-19 во земјава, а само денеска 96 лица од 185-те новозаразени се жители на главниот град.
Во Скопје во моментов 1.653 случаи се водат како активно заразени со коронавирус.
Според последните податоци, седум скопски општини веќе бележат троцифрени бројки на активно заразени лица.
На врвот на листата се уште е Чаир со 363 позитивни случаи, а зад оваа општина се Аеродром-129, Бутел – 133, Гази Баба – 148, Центар-126, Карпош – 115, Сарај – 125.
Понатаму, во Кисела Вода има 86 позитивни лица, Ѓорче Петров – 69, Студеничани – 78, Шуто Оризари – 65, Арачиново – 52, Илинден – 25, Петровец – 12, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 12, Зелениково-1.
Меѓу регистрираните случаи во Скопје четврорица се странци, а 6 лица се водат како нераспределени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во Дрисла е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места слабо чадење, но веднаш беше дејствувано со специјална пена и дозатрупување со земја и со песок по потреба, извести Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што извести Ангелов, на местото се останати дежурни екипи на Скопската бригада за противпожарната заштита и доколку се утврди било какво чадење тие ќе дејствуваат со специјална пена и со дозатрупување.
Во однос на депонијата Дрисла, Ангелов вели дека состојбата е драстично подобрена и дека останува уште еден сосема мал дел да биде затрупан.
„Очекувам попладнево да биде целосно затрупано местото коешто чадеше овие денови“, додаде тој.
Македонија
(Видео) Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

„Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар кој избувна во саботата. Никој не им кажува какви токсини дишеле, и дали сега е безбедно да се движат надвор. Тоа што децата ќе следат он лајн настава е уште повеќе збунувачки за нив, и не дава одговор колку е загаден воздухот таму и колку ја загрозува нивната здравствена и еколошка и еколошка безбедност. Наместо институциите на локално ниво да преземат брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, гледаме целосно потфрлање и неодговорност“, вели Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.
„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Власта на ВМРО ДПМНЕ и на локално и на централно ниво дејствуваше дури по голем притисок на јавноста и медиумите. Не беше јасно кој носи одлуки, општината, град Скопје или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа опасен и токсичен чад, вечерта сите се појавија да се сликаат.
Го прашувам Орце Георѓиевски во кое својство беше во Трубарево, како градоначалник на Кисела Вода или како претседател на ЗЕЛС, оти не виде јавноста како помогнал во справување со еколошката катастрофа во Трубарево. Но сите видоа дека дошол на сликање.
Град Скопје и Општина Гази Баба имаа обврска први да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност се најдобар показател за неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.
Опасните пожари од депониите со отпад веќе не се проблем на една општина, туку се проблем на Скопје. Повеќе не треба да се чека, населението мора да се заштити. Јас кажав дека имам план краткорочни и долгорочни мерки, како да се решат депониите и проблемот со отпадот. Ова не е политика туку мерки кои веднаш треба да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, изјави Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.
Македонија
(Видео) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога, извести Тошковски

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје.
„Денеска уништуваме над четири тони марихуана. осумнаесет илјади стебла на марихуана, над 79 килограми цвет од марихуана и над 21 килограми други видови дрога како амфетамини, хероин, кокаин и други видови дрога. Исто така уништуваме над стотина парчиња оружје и над 1000 парчиња чаури и други компоненти од оружје. Сакаме да упатиме јасна порака до сите дека дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија. Со секој еден уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се крева на повисоко ниво и во иднина очекуваме уништување на уште поголеми количини.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски пренесе порака до граѓаните кои во изминатиот период беа сведоци на делувањето на криминалните банди како во Скопје така и други региони можеа да се уверaт дека со нивното разбивање и заплената на големи количини оружје и дрога полицијата решително ја спречува нелегалната трговија, а запленетите количества ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.