Македонија
Секогаш држи се до планот – одговорната игра е твојата најдобра шанса
Mozzart ја покрена кампањата за одговорно обложување.
„Ајде да зборуваме за одговорноста – колку сме одговорни кон себе и колку сме одговорни кон луѓето што ги сакаме. Одговорноста е привилегија која нè прави победници, не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја, уживај во спортот, но не дозволувај да те повлече во нешто што не е игра. Играј одговорно, биди победник“, порача познатиот водител Димитар Атанасовски.
Овие силни пораки од рекламата на Mozzart веднаш го привлекоа вниманието на јавноста. Во кампањата се нагласува дека вистинската победа е во контролата, а не во ризикот, и дека одговорната игра е единствениот пат кон вистинска забава. Целта е да се поттикне јавноста да ја гледа играта како форма на забава, а не како начин за заработка, и да се развие култура на свесно и безбедно обложување.
Кампањата пренесува јасни пораки:
· Игри на среќа се забава, а не извор на приходи.
· Играчите треба да имаат контрола врз времето и парите што ги вложуваат.
· Важно е да се постави лимит и да се почитува.
· Губитокот е дел од играта – не треба да се надоместува со нови вложувања.
Кампањата предупредува дека неконтролираното учество може да доведе до проблеми со здравјето, финансиската стабилност и меѓучовечките односи. Затоа Mozzart ги охрабрува сите играчи да бидат свесни за ризиците и да користат стратегии со низок ризик.
Со оваа иницијатива Mozzart ја потврдува својата општествена одговорност и посветеност кон создавање безбедна средина за сите љубители на игрите на среќа. ИНФОРМИРАЈ СЕ во новиот водич на Mozzart, затоа што на крајот од денот единствено е важно дали играш одговорно. И не заборавај – одговорноста е привилегија.
Играј одговорно Mozzart.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

