Македонија
Секој поединец заедно со институциите е важен во справувањето со климатските промени
Успешни практики од сите региони во земјата преку проекти во земјоделството, екологијата, шумарството, а кои се директно поврзани со климатските промени, беа споделени со јавноста денеска на првиот ден од одржувањето на Националната конференција за клима.
Конференцијата е дел до тригодишниот голем проект „Да зборуваме за климатските промени“, што го организираат „Екосвест“, CNVP и Движењето на екологистите на Македонија. На првиот ден беа споделени и искуствата на неколку здруженија како дел од потгрантовата шема на проектот и што тие сработиле и со што се соочиле во изминатите три години. Работа со деца и развој на свеста за климатските промени се забележува во речиси сите проекти затоа што науката докажува дека мора да се работи на развивање на свеста кај децата уште од мали.
На присутните им се обрати Штефен Худолин, раководител на секторот за операции на Делегацијата на ЕУ. Тој ги поздрави одлично сработениот проект и влогот особено во периодот на пандемијата и нагласи дека Европската Унија и во иднина ќе ја поддржува Северна Македонија во заедничката европска борба со климатските промени.
„Ги поздравуваме заложбата и работењето на закон за климатските промени и посакуваме да почне да се применува што е можно побргу“, истакна Худолин.
Ана Чоловиќ-Лешоска истакна дека од огромна важност е потребата граѓаните ефективно да се вклучат во процесите на донесување одлуки кога станува збор за климатските промени, но и решавање на локалните проблеми.
„Ќе продолжиме да го анимираме граѓанското општество. Оваа година е многу клучна за многу закани што ќе го постават патот на нашата држава кон позелено општество“, рече Чоловиќ-Лешоска.
Таа ги истакна целите на самиот проект и го сподели задоволството од реализацијата и од соработката со сите здруженија и учесници во проектот. Позитивните искуства на неколкуте партнери како дел од потгрантовата шема докажа дека проектот ги реализирал своите цели.
„Идејата беше да се зголемат капацитетот, транспарентноста и одржливоста на граѓанските организации од разни сектори во земјата преку формирање коалиција за климатски промени на национално ниво, со цел поголема вклученост во креирање на јавното мислење, како и зголемено влијание и учество во развојот на политиките на локално и национално ниво. Целта на проектот беше да се подигне свеста кај македонските граѓани за важноста на справување со климатските промени во сите сектори и на сите нивоа на одлучување како клучен придонес за постигнување успешен процес на пристапување кон ЕУ“, рече Чоловиќ-Лешоска.
Конференцијата ја поздрави и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој го изрази задоволството што во наредните две недели ќе се зборува за напредокот и амбицијата што ги има постигнато нашата држава во рамките на климатските процеси и меѓународната акција, како и можностите за зајакната соработка и остварување на постигнатите цели и таргети.
„Зелената транзиција и климатската акција бараат интерсекторски ангажман и посветеност, високо ниво на соработка и креирање синергии во процесите од сите фактори во општеството. Ние како Министерство сме отворени и секогаш ги поддржуваме активностите на граѓанскиот сектор. Преку него ги слушаме барањата и очекувањата на граѓаните и ги вклучуваме во процесите на донесување одлуки, а од друга страна, како Министерство ги споделуваме нашите податоци, знаење и експертиза при спроведувањето на нивните проекти“, рече Нуредини.
Нехад Рамадани, претставникот на CNVP, ја истакна одличната соработка со „Екосвест“ и ДЕМ.
„Aктивностите на CNVP се тесно поврзани со користењето обновлива енергија, одржливо управување со шумите (каде што сме особено посветени бидејќи шумите се битен елемент за животна средина и особено за чиста клима). Во светот преовладува заеднички научен консензус, кој нагласува дека хуманите активности се главна причина за влошувањето на климата во светот. Овa покажува дека треба да се промени однесувањето на секој од нас, да се промениме како општество преку нашите активности во корист на ублажување на заканите од климатски промени“, истакна Рамадани.
Лиле Симеоновска, претставничка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се осврна на приоритете на ова министерство. Факторот дека имаме голем процент деградирани шуми, неразвиената шумска инфраструктура, немањето систем за мониторинг на моментната состојба на шумските ресурси на национално ниво влијае врз потенцијалот за развој на шумарството, истакна таа.
„Шумите се најзначајниот понор што придонесувва за апсорпција на стакленичките гасови во нашата земја. Во таа насока, зајакнувањето на капацитетите со државно управување на шумските ресурси ќе биде прироритет на нашето министерство“, истакна Симоновска.
Климата е обврска на човештото – и оттука да размислвуаме глобално, да дејствуваме локално – се согласија учесниците.
„Справувањето со климатските промени треба да почне од секој од нас како граѓанин. Ние сме тие што треба да ги иницираме сите промени и да ја подигнеме свеста на локално ниво“, истакна Лилјана Јоноски, претставник на Североисточниот Плански Регион.
За тоа колку е важно да се јаде локалната храна, зборуваше Катерина Јордановска од „Слоу фуд Водно“.
„Ако секој од нас направи мала промена во личниот избор на храна што ја каде и избира да купи храна од локалните производители, ќе има огромно влијание врз климатските промени“, сподели Јордановска.
Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ е финансиран од Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер: Спасовски реагира на отсуството на министрите на собраниска седница
Која е смислата на поставување пратенички прашања, ако министрите од владејачкото мнозинство кои треба да одговараат на прашањата не се присутни на седницата, укажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, пред почетокот на денешната собраниски седница наменета за поставување прашања од страна на опозицијата. Спасовски посочи дека со своето отсутво, министрите од власта повторно ја избегнаа својата законска и политичка обврска и покажуваат непочитување на Собранието.
Спасовски потенцираше дека пратеничките прашања се инструмент за контрола на Владата и отчетност пред јавноста, а не формалност која може да се игнорира кога на министрите не им одговара.
„Според деловникот обврската е да се извести на кого ќе му се поставува прашање и кој ќе поставува прашања до опозиција. Во дописот којшто го доставив до вас како претседател, најавено е дека нашата пратеничка Јована Тренчевска, ќе поставува прашање до Бесар Дурмиши, министерот за економија и труд. Истиот проблем кој што го имавме на минатата седница да го игнорира Собранието да не присутвува и кога ќе дојде тука во Собранието да кажува и да се правда колку бил зафатен со приватни работи итн, денеска повторно не е тука. Мислам дека ваков однос кон Собранието најмалку може да има Бесар Дурмиши, од сите тука кои што се присутни. И мислам дека крајно време е да го почитуваме овој институт на пратенички прашања и да бидат министрите тука“, рече Спасовски.
Тој нагласи дека ваквиот однос претставува потценување на институцијата Собрание и бегање од одговорност.
„Имате министер, ако не може министерот, имаме заменик министер, ако не може со еден заменик министер дај сменете, ставете два, три заменици министри, бидејќи имаат многу обврски натаму наваму, нека дојдат овде да одговараат на пратенички прашања или пак ако не сте спремни нека кажат слушајте не сме спремни ние да дојдеме да одговараме на пратенички прашања ќе седиме во влада, ќе бидеме на пат, или си имаме други многу поважни работи тоа што е Собрание“, рече Спасовски.
Тој укажа дека не може да се дозволи пратеничките прашања да се сведат на формалност без суштина.
„Не може да поставуваме пратенички прашања во ветер. Бесар Дурмиши не е тука, Марјан заменикот не е тука, и сега која е смислата на поставување на пратенички прашања, за да ги одговараат писмено. Па секој ден имаме право да поставуваме писмени прашања, секој ден. И тие кои што ги поставуваме писмени прашања самите на координација реагирате дека не ни се одговараат од страна на министрите. Која е смислата да сето ова го правиме овде, да глумиме дека имаме некаква одговорност или состојба во која што однесувањето на минстрите ќе биде на ниво на одговорноста која што ја носат кон собранието и на овој начин покажуваме сосема поинаков пристап“, рече Спасовски.
Македонија
(Фото) Помош за настраданото население од поплавите во Кичево, Гостивар и Скопје, 200 волонтери и вработени на Црвениот крст ангажирани на терен
Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост кај населението. По обилните врнежи од дожд и излевањето на водотеците, голем број домаќинства се соочуваат со поплавени домови, оштетен имот и отежнато движење, соопшти Црвениот крст на Македонија.
„Црвен крст на Република Северна Македонија веднаш излезе на терен и активно се вклучи во активностите за помош, во координација со надлежните институции. Вкупно 200 волонтери и вработени на Црвениот крст се ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка и помош за погоденото население.

Во Кичево, вкупно засегнато население со материјална штета се 362 домаќинства, односно околу 1200 лица од кои 250 лица (62 семејства) се евакуирани и привремено грижени во спортската сала „Христо Узунов“, меѓу кои 61 дете, 178 возрасни и постари лица и 11 лица со попреченост“.
Покрај Кичево, како што информираат, погодено е население и во општина Гостивар (село Форино) околу 500 живеалишта, и во општина Сарај (село Буковиќ, Семениште и Горна Арнакија) 30 живеалишта.
„Во рамки на хуманитарната интеверција, Црвениот крст обезбеди и дистрибуираше помош на 400 семејства и тоа 10 палети вода, 820 ќебиња, 400 хигиенски пакети, 250 пакети со храна, 250 душеци, бебешка храна и хигиена, и нова облека. Црвениот крст во соработка со општина Кичево и локални донатори обезбедува по три топли оброци за 250 лица на дневна основа кои се евакуирани и привремено згрижени.

Дополнително во континуиет се обзебедува и психо-социјална поддршка на погоденото население. На телефонските линии 072-239-077, 072-239-051 за психо-социјална поддршка, досега побараа помош 50 лица.
Црвениот крст останува на терен и подготвен да обезбеди дополнителна поддршка согласно развојот на состојбта и потребите на погоденото населението“.
Македонија
Утре во Охрид, показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност
Утре (19.02.2026 година) во 10 часот, во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, ќе биде одржана показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност, соопшти СВР Охрид.
Вежбата,мкаоо што е појаснето, ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес, изработено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвениот крст Охрид а со кое, со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници, Територијалната противпожарна единица Охрид, Итната медицинска помош и другите институции.
Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за заштита и евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата во вонредни околности, организирање мобилизациски собиралишта и сл. За време на одржувањето на симулациската вежба, полициски службеници од СВР Охрид, привремено за сообраќај ќе ја затворат улицата „Новопроектирана“ која поминува низ охридската касарна.

