Македонија
Сексуалната ориентација станува основа за дискриминација
„Родовиот идентитет и сексуалната ориентација за првпат се воведуваат како основи за дискриминација“, објави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на својот профил на „Фејсбук“, по презентирањето на новиот закон за спречување и заштита од дискриминација. Таа напиша: „Градиме општество еднакво за сите. Новиот текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој го презентирав денеска, има за цел да обезбеди принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи“, напиша Царовска.
„На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди, усвоени од страна на Обединетите нации и Европската Унија, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува услови за развој за сите. Одиме напред, без страв и без предрасуди“, објави министерката.
Во објавата пишува и дека новиот закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на комисијата, за да се професионализира комисијата. Се ослободуваат од судски трошоци лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација. Цароска напиша: „Остануваме посветени на зајакнување на владеењето на правото и унапредување на квалитетот на животот за сите“.
Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше цел на критики на ЕК и на невладините организации поради изоставањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за дискриминација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

