Македонија
Села: Дали Талат е продолжена рака или e фатен за опашка

„Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат“, напиша пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на „Фејсбук“, по синоќешната бурна собраниска седница на која собранискиот спикер, Талат Џафери, ја прекина седницата, без да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на парламентот, Трајко Вељаноски.
„Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот што беше избран за претседател на Собранието на бурен начин, денес, наводно, под изговор дека нема услови, спречи да му се одземе имунитетот на Трајко Вељаноски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељаноски има многу да открие), што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?
П.С: Дали е продолжена рака или е фатен за опашка“, напиша Села на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека поради товарно моторно возило сообраќајот беше попречен и се одвиваше по стариот пат низ село Росоман.
Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.