Македонија
(Видео) Семејството на загинатата девојка: Згрозени сме, пресудата е еднаква на ослободителна
Семејството на загинатата Викторија Николова и адвокатот на Леонид Даов сметаат дека пресудата за возачот Јордан Ѓоргиев е еднаква на ослободителна. Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови, казната изречена од судијката Љубинка Башевска ја нарече несериозна. Мајката на Викторија со плач ја дочека пресудата. Таткото на покојната рече дека се згрозени од висината на казната.
„Немам зборови, згорезен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба. Друго немам ништо што да кажам, згрозени сме како фамилија од ваквата пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, рече таткото на покојната Викторија.
Адвокатот посочи дека пресудата е речиси ослободителна.
„На таа кобна вечер трепкаше жолто светло, судот денеска дозволи да свети зелено и да помине неказнето. Три години затвор е несериозна казна. Ќе имаме жалба на предудата. Се надеваме дека Апелација ќе биде посериозна. Имаме ситуација кога сѐ е чисто, кога, без разлика на признавањето вина, делото е такво како што е. Пресудата е речиси ослободителна и дозволуваме да бидеме жртви на сообраќајното насилство“, рече Владимир Михајловиќ.
Адвокатката Билјана Андонова посочи дека ќе бараат од обвинителот да поднесе жалба со која ќе бара поголема казна.
„Обвинетиот е казнет со казна од три години. Ќе поднесеме барање до ОЈО за задолжителна жалба. Донесена е многу ниска пресуда. Покрај тоа, побаравме пресуда која ќе биде апел што ќе одекне во јавноста. Сметаме дека обвинетиот ја смета пресудата за ослободителна“, рече адвокатката Билјана Андонова, која го застапува повредениот пешак Леонид Даов, кој ѝ беше момче на покојната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

