Македонија
Се вдоми првото куче од „Лајка“
Мими е првото куче од прифатилиштето на ЈП „Лајка“, кое си го најде својот дом. Вистински љубител на кучиња си го пронајде својот иден миленик и веќе ја запозна Мими со своето идно семејство.
По згрижувањето во прифатилиштето, кучето Мими уредно ги поминало сите третмани: крвно испитување, негативен тест на лишманија по акредитирана метода, негативен 4D тест, стерилизација, вакцинација од беснило и заразни болести, информираат од „Лајка“.
Оваа слатка убавица мала по раст е само една од изборот на кучиња спремни за вдомување во прифатилишето на ЈП „Лајка“, кои со нетрпение чекаат да го најдат својот иден вдомувач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 40 авто-школи под сомнение дека договарале цени за обука
Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи.
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Северна Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто – школи.
При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи.
„Комисијата продолжува со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти. Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот. Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите“, се наведува во соопштението.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.

