Македонија
Се воведува зонско паркирање зад ТЦ „Три бисери“

Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“. Oд Општина Аеродром велат дека зонското паркирање е по барање на жителите од тој дел на општината.
ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање и ќе важи од 7:00 до 23:00 часот секој ден освен недела.
„Добра вест за станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром е што ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром. Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во повикувачкиот центар што се наоѓа зад ТЦ ‘Бисер’. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП ‘Градски паркинг’ http://gradskiparking.com.mk/“, велат од Општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт: донесени се повеќе одлуки

Со одржувањето на работилница на темата „Уставна контрола на уставните измени“ завршија работните сесии од 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт, по што се одржа Генералното собрание на ACCF.
На Генералното собрание, новото претседателство на Уставниот суд на Романија ја презентираше Програмата за следните три години (2025-2028).
Темата „уставна демократија” ќе биде во фокусот на новото раководство. Избрано е новото Биро на ACCF, усвоени се измени на Статутот и Внатрешните правила на Асоцијацијата и усвоен е Етичкиот кодекс за уставните судии.
Со мнозинство гласови од присутните претставници, Генералното собрание ја усвои апликацијата на Уставниот суд на Косово за зачленување во Асоцијацијата на франкофонските уставни судови.
Делегацијата на Уставниот суд на Република Северна Македонија , кој е член на ACCF, беше предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски.
Тој како еден од говорниците на работните сесии, своето обраќање го посвети на темата „жив конституционализам”.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Добро е да се донесе нов програмски совет во МРТВ и да не се повторат потрошените 3 милиони евра за приватни копродукции

Пратеникот од партијата Левица, Амар Мециновиќ во своето излагање на собраниската седница по однос на изборот на протрамски совет во МРТВ истакна дека е добро да се донесе нов програмски совет, затоа што овој директор има 14 години мандат на таа позиција, а програмскиот совет има 13 години мандат и дека се тоа фараонски мандати.
„Кој мандат во Република Македонија трае толку и кој мандат има толјава моќ во однос на временската рамка во која трае? Поради тоа, ја поздравуваме насоката во промена на програмскиот совет, иако се сомневаме дека многу работи ќе се сменат, но мора да се почне од некаде, да прекине фараонското владеење на тие луѓе во јавниот сервис, кој треба да биде во полза на јавниот интерес“, апелираше пратеникот Мециновиќ.
„Кога Собранието влезе во процедура на бирање на програмскиот совет, на програмскиот совет баш тогаш му текна да разгледува точка за распишување конкурс за надзорен одбор. На 14 март распишале конкурс за надзорен одбор, но не и конкурс за генерален директор што нам ни покажува дека има директен интерес за покривање на последните денови на оваа констелација од програмски совет“, обзнани тој.
„Работите се драматични. Според записник од седница на програмскиот совет, одржана на 25 март 2025 година, е потенцирана законската обврска на јавниот сервис да се емитуваат 10% содржини од приватни продукции, но според самиот записник, член на програмскиот совет вели дека место на 10%, копродукциските содржини се на 80%. Копродукција до копродукција. Образовната програма на МТВ, после 60 години, е убиена. Зошто, на пример, нашиот јавен сервис да има копродукција за ‘Метео’“, праша пратеникот.
„Овде нам јавниот сервис ни го имаат окупирано приватни продукции! Има емисии кои се емитуваат на нашиот јавен сервис, за кои јавниот сервис обезбедува простор, камери, вработени на платен список на МТВ кои ги снимаат тие емисии во работно време, ама затоа што е во копродукција, тоа не е во сопственост на МТВ и МТВ понатаму му ги откупува правата за програмата која тие ја создаваат! Тоа е вулгарен криминал! Неверојатни 3 милиони евра се потрошени со една копродукциска куќа“, истакна Мециновиќ во неговото излагање.
Македонија
Генералка викенд во сите основни и средни училишта

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието со поддршка од УНИЦЕФ и Шведска утре, на 9 мај 2025 година ќе ја организираат активноста Еко час во сите основни и средни училишта низ државата. Активноста е дел од големата национална кампања Генералка викенд, чија цел е подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина.
По тој повод ќе се оствари посета на Основното училиште “Лазо Ангеловски“ во кое учениците ќе се вклучат во еко акција со практични активности.
Каде: ОУ “Лазо Ангеловски“
Кога: 9 мај 2025, петок 10:30 часот
Кој ќе присуствува: Претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер, директорката на Бирото за развој на образование Милка Тримчевска градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, директорот на ОУ “Лазо Ангеловски“ Магдалена Петреска, и ученици од училиштето
Што: Учениците ќе спроведат практични активности за заштита на животната средина.