Македонија
Се истребува африканската чума кај свињите во Македонија, уништени 4.891 грло
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, посочи дека во Македонија се јаде безбедно свинско месо. Фармите се безбедни од болеста африканска чума. Последниот случај на заболена свиња во фармите е во декември 2022 година.
„Со оглед дека оваа болест е економска болест, како држава, единствено ако сме увозно независни од свежо месо – тоа е од свинското. Затоа бевме крајно ригорозни, но целта беше да се сочува она што е домашно. Ако се доведевме во ситуација да увезуваме свинско место како пилешкото и говедското, тогаш економските последици врз државата ќе беа катастрофални“, рече Бабовски.
Објави и статистики за уништени свињи.
„На вкупно 345 фарми, во радиус од три километри, сите свињи беа нештетно уништени. Пријавени се вкупно 73 смртни случаи кај свињите како последица на оваа болест. На 499 фарми во радиус од 3 и 10 километри од утврденото жариште извршена е депопулација, односно 4.891 свиња се нештетно уништени. Од аспект на подигнување на свеста, АХВ реализира голем број едукации, подготви и испечати прирачници. Во согласност со последниот попис, регистрирани се 5.875 свињарски фарми, со 122.218 грла. Од овие фарми, 2.946 се со присутни животни, а другите се категоризирани“, рече Николче Бабовски.
Се врши контрола и на патниците што транзитираат низ Македонија за да се спречи внесување месо преку кое може да се рашири африканската чума кај свињите.
„Во овој момент сѐ уште има забрана за увоз на производи од свинско месо од земјите и регионите во кои е потврдено присуството на оваа болест и имаат активни жаришта. Последниот детектиран случај на африканска чума во земјата е во декември 2022 година. Во 2023 година нема појава на жариште кај домашната популација, а кај дивата популација на свињи има 62 позитивни случаја кај дивата популација на свињи, што не е зачудувачки“, додаде Бабовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

