Македонија
Се надевам дека оваа традиција нема да биде прекината, порача Пендаровски од манастирот Прохор Пчински
Државниот врв на Северна Македонија е во работна посета на Србија по повод одбележувањето на Денот на Република Северна Македонија, на местото каде на 2 август 1944 година на АСНОМ беше поставен темелот на современата македонска држава.
„Се надевам дека традицијата на овој чин од исклучително значење за нашата земја нема да биде прекината од политички, црковни или други причини“, рече претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во обраќањето до медиумите, по средбата со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во просториите на манастирот Прохор Пчински.
Пендаровски посебно се заблагодари за тоа што македонската делегација годинава беше пречекана од државниот врв предводен од претседателот Вучиќ.
„Не дека минатата година не беше на високо ниво, но голема работа е кога претседателот на таа земја ќе те сретне на територијата на друга земја, поради чин што е од најголемо значење за вашата земја, рече тој, пренесува порталот Слободна реч.
Како што додаде, се надева дека традицијата ќе продолжи и нема да биде прекината од „политички, црковни или други причини“, а делегациите на двете земји повторно ќе се сретнат следната година на истото место, поради почит кон најголемите македонски народни херои.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

