Македонија
Се огласи Мерко, оставка не дава: Ќе бидам отворен за правосудните органи, секогаш сум транспарентен
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД, првпат се огласи во јавноста Тој посочува дека ќе биде отворен за секој процес пред правосудните органи. Додава дека на располагање ја става и документацијата.
„Од претседателот Вилсон, па сè до ден-денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и за граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга. По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите за кои ќе бидам отворен, како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Од страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно побргу секоја потребна документација бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции.
Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите“, додава Мерко.
Тој уште посочува: „На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката во текот на годините, но и за поддршката што не ја штедевте и овие денови, а за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно за да создадеме услови за подобар живот на стружани и за Струга што ја сакаме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

