Македонија
Се одбележува Светскиот ден на водата
Институтот за јавно здравје ќе го одбележи Светскиот ден на водата 2017 година, во среда пред Дом на АРМ, од 10.30 до 14 часот со Саем на вода.
Граѓаните ќе добијат промотивен материјал со информации за значењето и влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето на населението и превенција од болести поврзани со небезбедна вода за пиење, и податоци од одговорите на анкетата на www.iph.mk за тоа колку и од каде најчесто се информираме за поврзаноста на водата со здравјето.
Годинава светкото мото е Отпадните води и кампањата Зошто отпадните води?
Целта е генерално да се влијае на свеста да не се загадуваат површинските и подземните води со разни фекалии преку индустрискиот процес. Да се пречистуваат ако се веќе загадени со што се спречува можноста за евентуално наводнување на земјоделските култури, да се спречи дистрибуција на загадени води до сите корисници, и секако заради штедење на водата и зачувување на водените ресурси.
На штадовите на учесници на саемот, производителите на пакувани води: Маја, Кожувчанка, Магрони (Добра и Ладна), и Визијана ќе има по петнаесетминутна програма во која тие ќе информираат за безбедноста и квалитетот на водата што ја произведуваат (пакуваат) и ќе одовараат на прашања./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

