Македонија
Се одложија завршните зборови за „Тендери“ каде ѝ се суди на Канческа-Милевска, oбвинетата имала температура
Обвинетата заболела од стомачен вирус, па не можела да дојде на денешното рочиште за предметот „Тендери“, каде што треба да се почне со давање завршни зборови.
Поради ова, се одложи рочиштето. Присутна во судската сала беше првообвинетата Елизабета Канческа-Милевска. Адвокатот Сашо Дуковски, бранител на Јулијана Угриновска, пред судот кажа дека обвинетата има дијареа и повраќа, а треба да прави и испитувања на Клиниката за гастроентерохепатологија.
„Има стомачен вирус. Има постојана дијареа, повраќање и покачена телесна температура. Даден ѝ е упат за на Гастроентерохепатологија за испитувања. Судија, таа и денеска не може да стане од кревет поради дијареа и повраќање. По повраќањето ќе оди на испитување. Жената лежи, не може да стане. Ѝ дадоа еден куп таблети, дали ќе биде за два дена подобро, треба да не ја зборам вистината“, рече адвокатот Дуковски.
Судијата Осман Шабани следното рочиште го закажа за два дена.
„Со оглед дека не се исполнети законските претпоставки за одржување на денешната главна расправа, судот донесе решение главната расправа да се одложи за 15 јули во 10 часот, за кога на присутните усмено им е соопштено и се уредно повикани. Бранителот на обвинетата Јулијана Угриновска се задолжува утре да достави лекарска документација за здравствената состојба на обвинетата и истовремено ја извести за закажаната главна расправа“, рече Шабани.
Во случајот „Тендери“, првообвинета е ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која уште на почетокот на судскиот процес рече дека не се чувствува виновна. Обвинети се и Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова-Цветковска, кои исто така негираа дека имаат вина во случајот. Сите се обвинети за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

