Македонија
Се одржа првата национална конференција за проектен и ИТ-менаџмент во Скопје
На конференцијата беа претставени многу новитети од овие области, најновите трендови во управувањето со проекти и успешното воведување промени што зависат од работата на ИТ, проектните и програмските менаџери. Говореа повеќе влијателни експерти од разни земји кои имаат долгогодишно искуство со Business Analysis, PMP, SCRUM, ITIL, DevOps и ISTQВ, а присуствуваа и многу менаџери на компании, проект-менаџери од ИТ и од бизнис-секторот, бизнис-аналитичари итн.

Се обработија неколку важни теми, меѓу кои: 5 тренда во проектен менаџмент во 2018; Бизнис-анализа во корпоративен Value Stream; PMP во пракса; Зошто SCRUM?; SCRUM хибридна методологија во пракса; ITIL – Back to the Future; DEVOPS; ISTQB – Планирање и управување на тестирање со Team Foundation Server.
„Сè уште сме под импресии од целата конференција, од говорниците, од предавањата, од продуктивната панел-дискусија која се разви на крајот… Навистина ни е драго што што имаше огромен интерес, влезниците беа распродадени за многу кусо време и оттука се гледа големата потреба од одржување на овој настан со фокус на проектниот и ИТ-менаџментот. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на низа успешни настани од ваков тип преку кои индивидуалците и компаниите постојано ќе ги надградуваат своите вештини и знаења“, изјавија организаторите.
Милан Шмигиќ, кој воедно беше и модератор на настанот, говореше за најважните новитети кои доаѓаат од развиените пазари од овие области, и тоа: подобрување на перформансите на работење на компанијата со примена на портфолио на управување; како да се примени бизнис-анализата за развој на портфолио и стратешка приоритизација на проектите; како да се зголеми пазарната вредност на компанијата преку успешно управување со проекти; како да се намали неизвесноста и да се создаде нова вредност на проектот преку развој на нови барања итн.
За тоа колку е релевантен ITIL во дигиталната трансформација, говореше Словенецот Рок Сајовиц: „Дигитизираните бизнис и ИТ-процеси се основа за дигитална трансформација. Првиот чекор кон дигитална трансформација се добро дефинирани процеси и потоа вториот чекор е да се дигитизираат овие процеси. Овде е местото каде што ITIL доаѓа во игра. Компаниите може да го користат ITIL како упатство за процесирање на дигитизацијата. Комплетираниот ITIL потоа игра важна улога помагајќи им на сите бизнис и ИТ-услуги да работат без проблеми“, вели Сајовиц.
Тој истакна дека е потребно да се применуваат современите технологии и методологии на работа и да се следат светските трендови кои значително ќе го подобрат работењето на организацијата.
„Континуирана едукација и надградба на знаењата е нешто што ние во ‘Макпетрол – Центар Дел“ редовно го практикуваме со цел да можеме да се справиме со предизвиците. Токму затоа ја препознавме и ја поддржавме првата национална конференција за PM и IT-менаџмент како настан што ќе едуцира и ќе овозможи нови погледи на голем број проектни и ИТ-менаџери“, изјавија од „Макпетрол – Центар Дел“.
„Во ова динамично општество ако не ги имплементирате и применувате практиките од светски рамки, вие останувате чекор назад. Затоа и ја поддржавме оваа конференција која ќе овозможи поширок спектар на знаење и ефективност на менаџерите имајќи ја предвид и заштитата на видот поради проблемите што настануваат како резултат од предолгото работење на електронските уреди и зрачењето на сината светлина од нив. Во светот веќе се воведени редовни очни прегледи што фирмите им ги овозможуваат на своите вработени како дел од грижата на вработените, а наша намера е таа свест да ја развиеме и во Македонија“, изјавија од „Систина офталмологија“.
Во Македонија се отвори и разгранок од меѓународниот Институт за управување со проекти. Како што вели Мирослав Аничин, претседател на Институтот за управување со проекти во Србија, со тоа Македонија е запишана на светската карта за најдобри пракси, така што ќе продолжи и понатаму споделувањето на знаењето како пракса.
Конференцијата е во организација на „Клир вју“, бизнис-тренинг центарот и „Семос едукација“, тренинг-центар за ИТ-едукација. Настанот го поддржаа повеќе компании, меѓу кои: „Макпетрол – Центар Дел“, „Систина офталмологија“, Стопанска банка АД Скопје, Кариерниот центар на „Семос едукација“, PMI – Macedonia Chapter, „Бела“, „Тиквеш“ и „Вис вендинг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

