Контакт

Македонија

Се отворија понудите за тендерот за вакцини од 10 милиони евра: големите играчи со обвинувања за фаворизирање фармацевтски компании

Објавено пред

Сторијата е изработена од Истражувачката репортерска лабораторија – „ИРЛ Македонија“ во партнерство за публикација со „Макфакс“

dobivaj vesti na viber

Автори: Александра Денковска и Деница Чадиковска

Тимот на Истражувачката репортерска лабораторија беше на отворањето на понудите од тендерот за имунизација на населението. Отворањето помина во тензична атмосфера со обвинувања за фаворизирање одредени производители и забелешки за технички пропусти кај конкуренцијата. Министерството за здравство не ги читаше јавно сите документи од договорот, така што јавноста не знае кој понудувач со кој производител има договор. Новинарите на ИРЛ присуствувале и на други отворања тендери и праксата била – целосно презентирање на тендерските документи. ИРЛ побара од Министерството за здравство да ни испрати записник од отварањето на понудите, како и информациите, кои ќе покажат кој фармацевтски играч од земјава со кој светски производител има договор. Исто така, претставниците на компаниите понудувачи воопшто не се претставуваа, а од комисијата од Министерството никој не ги повикуваше да се претставуваат и впечатоците за целата постапка беа дека големиот тендер се отвори бргу, без позначајни процедури и без детаљно читање на понудите.

Пет компании, меѓу кои и „Македонијалек“, денеска му понудија зделки на Министерството за здравство за набавка на вакцини, раствори за вакцини и други трошоци поврзани со имунизацијата. Целиот тендер тежи 10 милиони евра, а меѓу нив е и набавка за вакцини против морбили. За сите делови од тендерот за набавка на разни вакцини, меѓу кои и оние против морбили, се пријавија пет фирми: „Македонијалек“, „Феникс фарма“, „Елбијор“, „Пановски“ и „Алкалоид конс“.

Со овој тендер ќе се набават повеќе видови вакцини, раствори и слично. Најмногу понуди – осум – поднела компанијата „Елбијор“, која е релативно понова на фармацевтскиот пазар и која тендерите со крупни милионски суми почнува да ги добива во последните две години. Седум понуди поднесоа и компаниите „Феникс фарма“ и „Македонијалек“. „Алкалоид конс“ поднела понуди за 3 дела и „Пановски“ за еден дел од тендерот.

„Македонијалек“ не бара тендер за морбили, „Гласко Клајн Смит“ со обвинувања за тендерот за ХПВ и пневмонија 

Со забелешки и обвинувања за фаворизирање помина денешното отворање на понудите за набавка на вакцини за континуирана имунизација на населението и вакцини по епидемиолошки индикации.

Претставничката на компанијата „Глаксо Смит Клајн“, која досега преку „Македонијалек“ ги набавуваше вакцините против морбили, на отворањето на понудите даде забелешка дека Министерството за здравство во делот за набавка на вакцините за ХПВ и ПЦВ фаворизирало еден светски понудувач.

„Во деловите 9 и 12 за ХПВ и ПЦВ-вакцините тендерската спецификација е затворена, а досега не било така. Со спецификацијата се фаворизира еден светски понудувач“, рече претставничката на „Гласко Смит Клајн“.

На прашање на ИРЛ за кој понудувач станува збор, таа рече дека не сака да коментира и дека Министерството знае кого фаворизира и треба да каже. По отворањето на понудите, ја прашавме претставничката на „Пановски“ за став за обвинувањата на претставничката на „Глаксо“, на што таа кусо одговори дека тоа не е точно и дека не постои можност да се фаворизира само еден понудувач.

„Тендерот го правиме врз основа на спецификации. Спецификациите за тендерот се направени врз основа на барањето што го доставуваме до комисијата за имунизација и комитет во таа комисија ги подготвува спецификациите. Тоа го прават тие, јас не знам што точно се зборувало на тендерот за вакцините“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата од претставничката на компанијата „Глаксо Смит Клајн“ дека со дел од тендерот се фаворизира само еден светски понудувач.

За ХПВ-вакцините понуда дала компанијата „Алкалоид конс“, а за ПЦВ компанијата „Д-р Пановски“, која првпат учествува на тендер за набавка на вакцини.

Претставници на другите компании пред комисијата забележаа дека за вакцините на „Глаксо“ за рота-вирусот не би требало да бидат дел од понудите. Тие тврдеа дека овие вакцини немале одобрение за пуштање во промет од Македонија, туку само од Европската Унија.

За тендерот за морбили двајца понудувачи

Во делот од тендерот што се однесуваше на вакцините против морбили се пријавија две компании: „Алкалоид конс“ и Феникс фарма“. Досегашниот набавувач „Македонијалек“ нема поднесено понуда. Понудата на „Алкалоид конс“ е 352 илјади евра, а „Феникс фарма“ понудила 461.463 илјади евра.

Во екот на епидемијата на морбили и антивакциналната кампања на почетокот на годинава на социјалните мрежи се појави слика од кутија со вакцините за морбили Priorix, на која можеше да се види дека македонската декларација залепена врз оригиналната содржи информација со постара важност од онаа втисната на амбалажата од белгискиот производител. При вонредна контрола во сите вакцинални диспензери беа пронајдени 635 кутии од МРП-вакцините со погрешни датуми на декларациите.

„Македонијалек, компанијата што ги набави вакцините преку „Глаксо Смит Клај“, беше парично казнета, а министерот Филипче на прес-конференција изјави дека се разгледува можноста за одземање на дозволата, вклучително и раскинување на веќе потпишаните договори со увозникот на вакцините.

„Македонијалек“ сè уште може да аплицира на тендери бидејќи дозволата не ѝ е одземена, а истрагата уште трае“, изјави Филипче.

Од „Македонијалек“ се правдаа дека вакцините не се со изминат рок, туку станува збор за ситна техничка грешка, при што на кутиите биле залепени погрешни декларации на кирилица. Тие тврдеа дека вакцините се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител „Глаксо Смит Клај“ од Белгија. ИРЛ дознава дека минатата недела претставнции на оваа компанија биле во посета на „Македонијалек“, но никој од засегнатите не сака да разговара на оваа тема.

Агенцијата за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД донесе решение вакцините за морбили со погрешни декларации, иако се исправни, да бидат уништени на „Дрисла“. Уништувањето на вакцините во јавноста предизвика дополнителен страв и револт.

Обвинителството по допрен глас отвори истрага за овој случај, но засега не се соопштени повеќе детали за тоа до каде е истрагата, освен дека сите вакцини се попишани и се наоѓаат во просториите на „Македонијалек“, каде што има соодветни услови за чување.

„Надлежен јавен обвинител веќе издаде наредба до Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работин со која побара да се извршат проверки во правното лице ‘Македонијалек’ како увозник и дистрибутер на вакцината МРП. Од фирмата увозник ќе треба да се обезбеди комплетната документација поврзана со увозот на вакцините и нивното етикетирање. Проверки ќе се извршат и во Агенцијата за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД во поглед на извршените контроли на увезените вакцини и евентуално констатираните неправилности“, соопштија од Обвинителството.

„Феникс фарма“ и „Елбијор“ бараат најмногу пари од државната зделка вредна 10 милиони евра. По нив, следуваат „Д-р Пановски“ и „Алкалоид“ и најмалку пари во шест понуди поднела „Македонијалек“. Сите компании заедно имаат поднесени понуди од 11.600 милиони евра.

Македонија

Во изминатите девет часа најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка,

Објавено пред

Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип – 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.

dobivaj vesti na viber

По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и  Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир Капија и 1 л/м2 во Прилеп.

Од УХМР информираат дека на повеќе места низ земјава има интеракција на подземните и површинските води и појави на заезерувања од самите врнежи. До крајот на денот се очекува висок водостој на река Вардар, река Црна и на река Треска. На останатите помали реки се очекува постепена стагнација и намалување на водостојот во вечерните часови.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините во северозападните делови врнежите од дожд ќе преминуваа во врнежи од снег. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Управа за хидрометеоролошки работи, претходно околу 14:00 часот информира дека на хидролошката станица на река Вардар во Балин Дол е регистрирано намалување на водостојот на реката, но тој сеуште останува висок и постои опасност од излевање на реката во гостиварскиот регион, додека во наредните часови водниот бран ќе се движи низводно кон Полошката Котлина и Скопје, каде што се можни локални излевања и заезерувања во Полошката Котлина.

И во Скопје ce очекува висок водостој на реката Вардар, при што е зголемен и водостојот на реката Лепенец.

Поради зголемениот водостој на реките Кадина и Маркова, како и поради водите што не пристигнат од Горен Вардар, од УХМР информираат дека можни се локални заезерувања низводно од Скопје, на потегот околу селата Зелениково, Орешани и Таор.

Водостојот на реката Треска е во пораст и можни се излевања кај селата Пласница и Лисичани. Водостојот на реката Зајашка останува висок, со тенденција за благо намалуване во наредните часови.

Во сливот на реката Црна можни се заезерувања во Демирхисарскиот регион и Пелагониската Котлина. 

Прикажи повеќе...

Македонија

УХМР: Претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава

Објавено пред

Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично висок водостој и на река Кумановска и река Треска, во чии сливови се можни локални излевања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

dobivaj vesti na viber

Од УХМР, исти така, предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ земјава.

-Регистриран е прилично висок водостој на река Кумановска и во нејзиниот слив се можни локални излевања на реките и суводолиците. Исто така, на река Треска останува исклучително висок водостојот и во нејзиниот слив се можни локални излевања, а надојдената вода е можно да претставува опасност и по столбовите на дел од Мостовските конструкции – информираат од УХМР.

На останатите водотеци на западот од земјата остануваат високи водостоите но се со тенденција на намалување. На истокот засега има помали зголемувања на водостоите на реките, иако беа забележани локални и изолирани појави на интензивни поројни врнежи во поедини делови.

-До крајот на денот се очекува да остане висок водостојот на река Вардар во горниот дел, а во текот на вечерта и за време на ноќта да има зголемување на водостојот низводно од Скопје (Јурумлери, Орешани, Зелениково, Таор) како и во Велес. Исто така и на река Треска се очекува да остане исклучително висок водостојот до крајот на денот и вечерта – информираат од УХМР.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Објавено пред

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион, во Општина Сарај поради поплавите во селата Буковиќ и Семениште, преземени се координирани активности за надминување на состојбата.

dobivaj vesti na viber

„Интервенираа екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се насочени кон расчистување на зафатените подрачја, одводнување на поплавените површини и создавање услови за постепено нормализирање на состојбата“, соопштуваат од ЦУК.

Во Кумановскиот Регион, во Општина Липково, реката Слупчанка излезе од своето корито во село Опае, при што е зафатен дел од селото, а најголем дел од поплавените површини се земјоделско земјиште. Излевање е регистрирано и во атарот на село Оризаре, каде што се зафатени земјоделски површини.

Во Гостиварскиот Регион, по обилните врнежи од дожд се евидентирани повеќе случаи на поплавувања во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше.

„Во Гостивар и околните населени места пријавени се повеќе поплавени куќи, подрумски простории и стопански објекти, како и излевање на водотеци и затрупани канали. Во село Беловиште интервенирано е по пријава за заглавени лица во поплавен објект, при што лицата се безбедно извлечени. Во село Форино е пријавено излевање на реката Вардар од коритото, со поплавени земјоделски површини и потенцијален ризик за куќите во близина на мостот кон село Тумчевиште. Во координација со надлежните институции ангажирана е механизација за отстранување на пречките од речното корито“, информираат од ЦУК.

Во Општина Кичево, по излевање на Зајашка река, поплавени се куќи и дворови на повеќе улици. По 12:00 часот се пријавени дополнително околу 30 поплавени семејни куќи. Извршена е евакуација на стари и изнемоштени лица, како и на деца од поплавените објекти.

Лицата на кои им е потребно привремено сместување ќе бидат згрижени во спортската сала во Иванидол. На терен интервенираат екипи на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица, кои постапуваат согласно приоритетите и пријавите од граѓаните.

Свикан е Кризен штаб кој ја следи состојбата и ги координира активностите за заштита и помош. Од Општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност, нагласувајќи дека ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за справување со последиците од невремето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија5 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија7 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија7 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија9 часа

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет12 часа

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ1 ден

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија1 ден

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија1 ден

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија1 ден

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија1 ден

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија2 дена

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија2 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ2 дена

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија2 дена

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија2 дена

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 дена

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 дена

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион2 дена

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 дена

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...