Македонија
Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците
Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Вчера, го донесовме нашето барање како Влада, испратено е до претседателот, јас очекувам дека во текот на денешниот ден врховниот командант на АРМ, а тоа е претседателот, ќе даде зелено светло и ситемот за поддршка ќе може да функционира уште утре“, рече Шекеринска.
Војниците ќе бидат распределени по барање на здравствените институции бидејќи, според министерката, здравствените лица треба да се посветат само на својата работа, а не да се грижат кој е пред болниците.
Министерката изјави дека една од причините зошто беше даден предлогот за кризна состојба е затоа што во вакви услови можеме да ги користиме армиските сили.
„Во согласност со нашиот Устав и нашите законски одредби, АРМ не може да биде употребена во овие услови надвор од кризна и воена состојба“, рече Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината
Продолжувам со мрежата на СДС за корупција, непотизам, протекционизам, кронизам, во Охрид, каде Миле Зечевиќ генералниот секретар на СДС, ја поставува Кристина Крлеска Деспотоска за главна во ОО. Роднинските врски и биле единствен критериум за ова место, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зечевиќ можеби верува само во тесни роднински врски, па да почнам.
1. Кристина Крлеска Деспотоска со таа роднинска моќ, по 4 години директор во ЈП Пазар, по смена на локалната власт, е преместена на функција Директор на централен регистар Охрид, но веќе е покрената истрага од надлежните институции, заради сомнеж за фалсификувани документи.
2. Заради семејните врски со Зечевиќ, сопругот Климе Деспотоски станува близок оперативец на Зечевиќ. И од тоа има ќар. Климе и Кристина имаат печатница Коста Абраш. Додека Кристина сопругата е директор на ЈП на Општина Охрид, нивната фирма од 2017 до 2021 има договори со општински ЈП (Водовод, Комуналец, Нискоградба) во вредност од 8.453.000 денари.
3. Мрежата на Зечевиќ преку роднините Климе и Кристина потоа се шири. Ремзи Курто со доаѓањето на Кристина на чело на СДС Охрид е унапреден во виш инспектор во охридската полиција, главен за резервниот состав и близок на Климе. Тој прима 19 резервисти пред два месеци, иако дел од нив не биле дел од составот, ниту пак се знае како е дојдено до нивно ангажирање. Со својата блискост, и пријателствување со Кристина и Климе, сопругата на Ремзи, Сервет, лани е унапредена во Пазарен инспекторат. Одам понатаму.
4. Милчо Јованоски, партиски пишувач на соопштенијата и текстовите за Кристина и СДС Охрид. Како заслуга, СДС го наградува со две директорски места во исто време. Тој директор на библиотеката Прличев, жена му Гордана директорка на ЈП Билјанини извори.
5. Блискиот пријател на Кристина и Климе и оперативец на Зечевиќ, Ванчо Костоски, соработник на СДС, советник во општина Охрид и претседател на ВМРО НП. Како Директор на ЈП Гробишта Охрид 2017-2021 има три кривични пријави. Како награда, лани, сопругата на Ванчо, Виолета Костоска е вработена во историскиот Архив.
Наградата за оперативната мрежа на СДС преку Зечевиќ и неговата роднина Кристина има цел кластер во МВР. И за таа работа и посветеност кон Зечевиќ цели семејства се вработувани.
Оперативци на Зечевиќ и блиски на Кристина во с. Свињиште, Охрид
6. Сашо Смилески, до пред година и пол началник на СВР Охрид, сега помошник директор во БЈБ; Оддел за гранични работи и миграции.
Неговата сопруга Наташа Смилеска , помошник раководител на сектор во општина Охрид
Негов оперативец е Оливер Неделкоски, вработен како Сектор за внатрешна контрола, претходно командир на сообраќајна полиција
-Билјана Неделкоска -сопруга на Оливер Неделкоски е началник на ОКП во СВР Охрид.
– Прв братучед, роднина на Билјана Неделкоска, Трајче Ристески – помошник командир на полициска станица за Сообраќај.
И оттука се селам на кластер СДС МВР Вевчани
7. Тука Сашо Јанкоски, екс градоначалник од СДС Вевчани, сега е началник на стопански криминал Охрид, тој е прв оперативец на Миле Зечевиќ во регионот и близок соработник на братучетка Кристина“, вели Стоилковски и додава:
„За благодарница сопругата му Кети Јанкоска е поставена за директор на средното училиште Нико Нестор во Струга. Внукот Стојан Галичариски е вработен во Здравствен Дом Вевчани
А внуката Бонета Галичароска, по негови стапки, е вработена на последниот оглас во МВР“
Според него, за сите овие да имаат послушност кон Миле Зечевиќ е задолжена неговата братучетка Кристина Крлеска Деспотоска.
„Ваквите мрежи на непотизам, кронизам и протекционизам, ја уништија Македонија, ги уништија Јавните претпријатија, а МВР го претворија во послушници и одработувачи на СДС наместо за граѓаните и државата. Никогаш не било полошо. Време е за промени, време е наместо хаосот да завладее ред“, завршува Стоилковски.
Македонија
Лефков: Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог за потоа да каже дека тој го пишувал во Скопје
„Стево Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог, се одрекуваше и негира за само по неколку месеци да признае дека францускиот предлог е, всушност, изработен од него“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски е политичар без став. Нема изјава што Пендаровски сам не си ја негирал. Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се ниту, пак, кога ја говори вистината. Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено француски предлог или тој, всушност, го пишувал“, вели Лефков.
Според него, Пендаровски, конфузниот и манипулатор, е политичар што не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг.
„Изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент. Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС е извор на сите проблеми што Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, завршува Лефков.
Македонија
Албанското тло е распарчено, потребно е да се засилиме а Русија не треба да се запостави: Ахмети формира „Евроспки фронт“ со Реџепи
Договор за заеднички настап на изборите потпишаа денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Народното движење, Скендер Реџепи Зејд.
„Ние секогаш сме сонувале како Албанците ќе бидат обединети во еден фронт. Зошто сега се враќам на историја? Затоа што ги знам моите соништа. Големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Македонија е бидејќи нештата во глобалната политика одат лошо. Ова обединување е повеќе од потребно – треба да се поддржи од сите заедници во државата. Овој фронт ќе им излезе во пресрет на секој дел од општеството. Сите треба да ги поддржиме овие обиди кои произлегуваат затоа што Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети. Албанското тло е распарчено – затоа да се засилиме. Од денеска сме еден народ и едно тело и треба да ги реализираме соништата на нашите претци. Да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија и да ја држиме во живот“, рече Ахмети по потпишувањето на договорот со Реџепи Зејд.
Лидерот на ДУИ го повтори постојаниот став дека само со членство во ЕУ ќе се спречат луѓето да бегаат од државатта.
„Русија не треба да се запостави. Веќе е во нашата земја и основала партија, има медиуми овде, основала милитанти овде кои сакаат да ни го попречат патот, за кој сме силно определени. Сакаме мирен и чист Балкан, регион кој што ќе се зачлени во ЕУ, како што влезе во НАТО“, додаде Ахмети.
Додаде дека е во преговори и со други партии за приклучување. Според него, тоа е процес кој е отворен подолго време.