Контакт

Македонија

Се преврте приколка од камион кај Демир Капија, сообраќајот во прекин

Објавено пред

Приколка од камион се преврте утрово кај местото наречено Јаворица, на патот Валандово – Демир Капија.

dobivaj vesti na viber

Од АМСМ информираа дека несреќата се случила во 7.20 минути.

Во моментот сообраќајот е во прекин во двата правца.

Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на Договорот од Преспа

Објавено пред

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ рече дека грчката страна бара почитување на Договорот од Преспа. Тој вели дека обвинувањата од грчата опозиција се лажни и неодговараат на сложената ситуација.

dobivaj vesti na viber

„Како прво, нема апсолутно никакво молење од грчката страна. Грчката страна бара почитување на договорот. Добро знаете дека од моментот кога ќе се ратификува меѓународен договор во парламентите, тој добива сила над законите. Ниту една од двете држави не може еднострано да го ревидира овој договор. Значи, дури и кога не се согласува со она што е вклучено во Договорот, мора да го спроведе. Сакам особено да укажам на различниот институционален третман во двете држави“.

Во врска со тоа што Грција се уште нема ратификувано ниту еден меморандум што е нивна обврска во согласност со Договорот со Грција, Герапетритис го повтори грчкиот став дека истите ќе бидат ратификувани кога ќе дојде вистинскиот момент.

„Ќе ги донесеме во Собрание, повеќе пати сум кажал, кога ќе биде клучното политичко време, односно кога грчката страна ќе се увери дека има целосна усогласеност. Затоа што сите знаеме дека има точки кои соседната земја не ги испочитувала.

И секако не се повикувам на името, туку на други прашања. Сега да ви кажам што се случува со името. Најпрво да ги погледнеме спецификите, институционалните. Името Република Северна Македонија стои во Договорот од Преспа и според истиот договор со член 20, прашањето за името не може да се менува под никакви околности. Па, тоа не е од оние работи што може да се менуваат дури и со меѓусебен договор.

Значи, нема апсолутно никакво прашање за измена, бидејќи тоа беше договорено од двете страни и ратификувано и го обврзува актуелниот грчки политички поредок и политичкиот поредок на Северна Македонија. Второ, во овој момент не е само притисокот што го врши Грција, тоа е притисокот што се врши во Северна Македонија.

Третото и најважно според мене е дека грчката страна реагираше подготвено и со исклучително брзи рефлекси. Со иницијативи на МНР веднаш беа информирани надлежните од маѓународната заедницата. Имаше итна реакција и од претседателот на Европската комисија, од претседателот на Европскиот совет и од претставникот на Европската унија, а во исто време има и меѓународен став. Со други зборови, многу земји дадоа соопштение во оваа насока. Значи, постои усогласена реакција.

И последно и важно, кои ќе бидат нашите следни чекори. Бараме почитување на Договорот од Преспа. Тоа е меѓународно право и мора да се применува. Ќе ја конфигурираме рамката за да има целосна имплементација. Сите разбираме дека новото политичко раководство можеби има поинакво гледиште идеолошки, светогледно, но има и прашања кои се надвор од нивната волја. Не се работи за самоопределување на секој политички функционер. Ние сите го разбираме ова, се работи за почитување на договорите и грчката влада ќе постапи во оваа насока, дозволете ми да кажам, сето тоа е институционално право што им се припишува на земјите-членки на Европската унија.

Што се однесува на Северна Македонија, услов за нејзиниот пристапен процес е лојалноста и спроведувањето на Договорот од Преспа. Значи, ова е предуслов за да продолжат интеграциите“, изјави грчкиот министер за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Објавено пред

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за да разговараат за најновите политички случувања во Северна Македонија, пишува грчки „Катимерини“.

dobivaj vesti na viber

Извори блиски до Ципрас за медиумот откриле дека поранешните лидери го истакнале значењето на одржувањето на Договорот од Преспа од 2018 година и продолжувањето на соработката меѓу нивните нации, особено напорите на Северна Македонија за пристапување во Европската унија и стабилноста на регионот на Западен Балкан, стои во написот.

Тие ја истакнале загриженоста во врска со порастот на националистичкиот популизам од двете страни, означувајќи го како лицемерен и опасен.

Двајцата политичари се согласиле да продолжат со иницијативи насочени кон одржување на мирот, зачувување на Договорот од Преспа и поттикнување на поблиски односи меѓу граѓаните на Грција и Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на Договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет1 час

Американците го предупредуваат Израел дека офанзивата на Рафа ќе биде „голема грешка“

Соединетите Американски Држави процениле дека Израел распоредил војници во близина на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, во број „доволно...

Свет2 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија2 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за да разговараат за најновите...

Свет2 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет2 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија15 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија16 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ17 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија20 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија21 час

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија21 час

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет23 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет1 ден

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет1 ден

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...