Македонија
Се пренасочува сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце
Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце (БП Дизел) се пренасочува, информираше АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Кога Куманово гореше – Ахмети се чешлаше“, велат од ВЛЕН
„Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи.и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што се очајни и изморени НЕдемократската Унија за ДЕЗинтеграција и сателитите на оваа партија, Зиадин Села, ја започнаа операцијата за поделба на нивните патишта. Едниот организира половично полни сали, а другиот избира што помали простории и изнесува безвредни мислења дека институциите во нивните очи се гледаат како воен плен кој може да се бара за избори кога ќе им текне!“, соопшти ВЛЕН.
„ДУИ го носи печатот на неуспехот во Куманово. Али Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти и за одржување на удобноста на својата фотелја. Каде беше ДУИ, кога се случи случајот Сопот да ги заштити кумановците? Каде беше ДУИ кога гореше Диво Насеље?
Смртта на Реџаил Ќерими го носи и печатот на ДУИ каде дури и супер вештачењето докажа дека тој не е виновен во случајот Алфа. Каде беа Ахмети и ДУИ да се борат за неговиот поранешен соборец да ги добие правдата и слободата? Каде беше Ахмети кога малиот Алмир беше усмртен од Бобан Илиќ во Куманово и делото преку ноќ од убиство со умисла се претвори во сообраќајна несреќа со смртни последици?
ДУИ 20 години придонесе енормно да се испразни Куманово и околината од младите Албанци без надеж дека еден ден ќе биде добро. ДУИ 20 години ги лажеше родителите, професорите и учениците дека ќе ја градат гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово. Тоа не се случи две децении, додека коалицијата ВЛЕН не ја разбуди локалната власт, за веднаш да започне процесот на изградба на ова училиште.
Собата 161 им стана кошмар, во треска се да не се појават СМС пораките во јавноста како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во Влада наместото на ВРЕДИ со половина министерства, без спикерот на Собранието и со ветување за поддршка на терен да се изберат Македонци за градоначалници на општините во Струга и Кичево на локалните избори во 2025 година. Објавувањето на овие постоечки сведоштва го означува крајот на оваа застарена политичка елита.
Коалицијата ВЛЕН смета дека наместо предвремени избори, е идеално време за одговорност за досегашното лошо владеење. ВЛЕН е промената за Албанците!“, се додава во соопштението на ВЛЕН.
Македонија
Во време кога рејтингот на Филипче е 5 %, тој со Заев се забавува на скапи журки во Дубаи со влезници од стотици евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи. Откако СДС, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДС во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата. Во време кога рејтингот на Филипче е 5 % и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДС не знаат кој им е лидер, Филипче се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија. Јавноста треба да знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции, обвинуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека нема јака опозиција со вакви репрезенти.
-Додека бившиот и сегашниот лидер на СДС организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања. ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова економска реалност. ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните, велат од владејачката партија.
Македонија
До 2.000 денари заштеда за граѓаните со нашиот предлог за укинување на ДДВ за основните производи, соопшти СДСМ
„Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари. Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти“, велат од СДСМ.
„Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.
СДСМ ја разви оваа мерка во консултации со експерти и бизнис секторот и бенефитите ќе бидат за граѓаните а нема да ги оптоваруваат компаниите.
За спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски.
После еден месец примена владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков ефект. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека просечната плата се намали за 1.000 денари.
СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат законот. ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните и наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи“, соопшти СДСМ.