Македонија
(Видео) Се разболе едниот од обвинетите „алфи” – „Тортура“ пак е одложена

Новица Станковски, обвинет „алфа“ во предметот „Тортура“, не дојде на денешното судење.
Неговиот адвокат достави медицинска документација до судот дека тој е на боледување и прима терапија, меѓутоа обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, за третообвинетиот побара дополнителна документација.
„Од оваа документација не се гледа ништо“, рече Бубевски.
Судијката Александра Ристовска рече дека адвокатот на „алфата“ треба да достави дополнителна медицинска документација.
Следното рочиште е закажано за 13 јуни.
Предметот „Тортура“ се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на едницата за апсењето на Бошкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.