Македонија
Се реконструира спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска направи увид во завршните активности на реконструкцијата на спортска сала „Зоран Стојановски“.
Оваа реконструкција е според современи практики и стандарди, ќе ги исполнува сите предуслови за домашни и меѓународни натпревари и спортски случувања, а завршните зафати и подготовката за употреба ќе завршат овие денови.
„Како Агенција за млади и спорт, заедно со Општината, ја реконструиравме оваа сала, која е симбол на спортот. По целосната реконструкција на салата, верувам дека сите спортски љубители и многу граѓани ќе се рекреираат тука. На тој начин ќе придонесеме да се развијат сите спортски предуслови во општина Ресен и повторно ќе се радуваме на успесите на РК Преспа. Благодарност до Општина Ресен за поддршката и партнерството во процесот“, изјави директорот Каевски.
Со реконструкцијата на спортската сала „Зоран Стојановски“, која изнесува 7.759.682 милиона денари, Општина Ресен добива еден сосема поинаков модерен лик и место за сите граѓани за рекреативно и професионално спортување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор. Ова го истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во прва официјална посета на Атина.
„Дозволете ми да ја подвлечам важноста на целосната и bona fide имплементација на Преспанскиот договор, вклучително и користењето на уставното име на земјата за севкупна употреба (ерга омнес)“, изјави Герапетритис.
Двајцата министри разговараа за продлабочување на билатералната соработка, регионалната стабилност и заедничките економски и енергетски проекти. Станало збор за проекти, како Коридорот 10 и за гасниот интерконектор. Реафирмирана е заедничката посветеност во рамките на НАТО и потребата за блиска координација. Поддршката за Украина мора да остане, заклучија министрите.
Муцунски ја нагласи важноста на меѓусебната почит: „Длабоко и искрено верувам во нашите односи и во силата на дипломатијата заснована на почит.“
Муцунски изрази благодарност за грчката помош по трагедијата во Кочани и пожарите во близина на Дојран.
Македонија
Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.
Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот.
„Веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево.
Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување“, соопштија од ресорното министерство.
Македонија
Лефков: И Жерновски се појави како бугарска интернет страна хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија

„За Mushroom медиуми сме чуле и виделе, ама Жерновски покажа дека постојат и mushroom политичари – без светло, без корен, и со многу влага од минатото. Пропаднатиот градоначалник, амбасадорот на диво се јави со писание за да не запознае дека не се во игра само mushroom страници туку постојат и mushroom политичари, објави на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков како реакција на претходната објава на Андреј Жерновски.
„МНР на Бугарија најави дека ќе ги ангажира сите ресурси и достапни канали за заштита на бугарските интереси и оп се појави Жерновски како бугарска интернет страничка хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија!
Со тоа што се јави Жерновски, сам се пријави. Само уште не ни кажа дали е ресурс, канал или mushroom пропаднат амбасадор!
Жерновски, човек без акредитив, без политичка тежина и без капка авторитет, се појави на сцена како интернет-трол во обид да ме дискредитира – не заради некаква вистина, туку затоа што моите ставови го погодија токму онаму каде што боли: во вистинската насока.
Додека јас предупредував за хибридна закана од Бугарија, неговите партиски другари релативизираа со “параноја” и навреди, ама ден подоцна бугарски медиуми стартуваа уште еден координиран напад. И како по команда – уште еднаш, пак Жерновски, истрошен глумец од маргините на политиката, mushroom политичар, за да ја продолжи прљавата работа дома, со досетка “сум паднал во јамата”, во ред, ајде малку да зборуваме и за јами:
Јама е кога си пропаднат градоначалник кој општината ја претвори во партиски расадник – со роднини и активисти од СДСМ вработени со договори во 4 очи.
Јама е кога одиш во Букурешт како “амбасадор на диво”, без акредитив, без процедура, без достоинство.
Јама е кога цела кариера ја минуваш на грбот на државата, а потоа глумиш досетко-mishroom полотичар со туѓи агенди.
Јама е кога после сè – од пропаднат градоначалник, преку дипломатија на диво, завршиш како обичен интернет трол кој се фаќа за роднини и браќа, оти со аргументи не можеш да се справиш“.
Јас сум пратеник и зборувам во свое име, пишува Лефков во објавата и додава дека не бега од вистината.
„Јас не бегам од вистината – ја кажувам, колку и да не им одговара на некои. А моите роднини не се предмет на јавна расправа. Тоа што некој друг цел живот се криел зад туѓи имиња и привилегии – не му дава право да ги влече моите роднини во калта, затоа што така правел кариера!
Јас зборувам, и ќе продолжам да зборувам за Македонија, без разлика кого тоа нервира – во Софија или во Централен одбор на СДСМ.
А ти, ако баш сакаш да бидеш корисен за некого – прво реши се дали си ангажиран “ресурс” или “канал” за бугарските интереси“.
Упатува како што вели, јавно прашање до Андреј Жерновски:
„Дали со месеци се криеше од МНР бидејќи Романија не ти дозволуваше да ги предадеш акредитивните писма?
„Дали МНР за тој сериозен пропуст дозна директно од романските власти наместо од тебе?
Ако на било кое од овие прашања одговорот е не, јавно и лично ќе му се извинам.
Но ако е да, тогаш ред е тој да им се извини и на институциите, и на граѓаните што на диво ги трошел нивните пари на туризам во Букурешт“, нагласува Лефков.